Единствена Македонија: Тажно и опасно, марионетската власт нема капацитет да се справи и со пожарите, а и партнерот НАТО ја остави на цедило


06.08.2021 | 13:29:50 | Соопштенија


Единствена Македонија: Тажно и опасно, марионетската власт нема капацитет да се справи и со пожарите, а и партнерот НАТО ја остави на цедило

Марионетската власт во Скопје продолжува да манифестира отсуство на институционален капацитет за справување со кризи во земјата.

Јавноста е сведок како власта не успева да се справи со пандемијата со коронавирусот. Но, сега власта покажува дека нема знаење и способност да се справи со опасните пожари кои беснеат низ Републикат и се голема опасност за животот и имотот на народот.

Излезе на виделина дека власта нема доволно нови и современи противпожарни возила, ниту функционираат противпожарните авиони, ниту може да стави хеликоптери во функција на гаснење на пожарите. Власта оставала се на случајноста и се надевала дека ќе нема пожари или ако има белким ќе паднат дождови да ги гаснат пожарите.

Во исто време, како со пандемијата, така и со пожарите стратешкиот сојузник на власта во Скопје - НАТО не остави на цедило и повторно не истумба на првата кривина.

Во целата лоша работа, добро е што се гледа крајот на марионетската власт. Доаѓа ново време, време на народна власт. Мора да има одговорност, и ќе има за оваа ненародна власт која плива во беззаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 06 август 2021 година