Божиноски на Илинден му „предаде“ нон-пејпер на Драган Богдановски


02.08.2021 | 23:21:44 | Прес Конференции


Божиноски на Илинден му „предаде“ нон-пејпер на Драган Богдановски

Изјава, Национален Блок „Не отворам врата“
проф. Вангел Божиноски, претседател на Македонска Преродба
с. Клечовце, понеделник, 2 август 2021 година

Денес на Илинден претставници на Националниот Блок "Не отворам врата" во с. Клечовце, Кумановско положија цвеќе на спомен-плочата на Драган Богдановски и притоа Вангел Божиноски му предаде нон-пејпер на Богдановски за македонските состојби.

Добро утро Драгане Богдановски                          
Добро Илинденско утро Драгане Богдановски                            
Добро утро подвижнику македонски Драгане Богдановски

Еве не на Соборот што го закажа ти во име на нашите илинденци од 338 пред Христа до 1991 по Христа.

Тука сме, И...како што гледаш нема ниеден предавник, нема кодош, нема провокатори, нема тајни служби нема државници фабрикувани од длабоките држави.

Само Македонци, кои ја разбрале твојата порака.

Александар ги поведе Македонците кон создавање културно хармонизирани цивилизации што ќе го одржуваат светот. Гоце повикуваше кон културен натпревар меѓу народите...Ти, Драгане Богдановски, согледувајќи и предвидувајќи ја реалноста ги повика Македонците назад до јадрото расеано насекаде на свет да се врати кон сопствената гравитација. Ти, не повика кон македонското национално единство.

Твојата вера, надеж, истрајност и љубов кон татковината го покажува патот кон победата.Затоа сме тука. Ти знаеш дека: да љубиш тоа значи да носиш вода во дланките до усните на жедните и... знаеше дека многумина поради неизвесноста на патот на крај завршуваат како помочани правејќи ја невозможна првичната намера.

Но тебе ти успеа. Ти покажа дека е можно.Потоа не собра како расфрлени челад околу домашното огниште и видовме како е можно. И создаде јадро околу милениумската максима изговорена од Ченто, Гоце, Карпош, Јустинијан, Филип Втори, Бол од Мендес, Хермес Трипати великиот се до големата мајка: Македонско национално единство!

Ние...Овде-Сега, можевме да бидеме и на други места, посекаде на свет каде денес Македонците го слават милениумскиот празник семакедонски...но, ние дојдовме овде пред твојата родна куќа...ние дојдовме на аџилак кај тебе затоа што знаеме дека е овде-сега најважниот Собор илинденски. Не повика...и... подготвени сме да одговориме.

Одговорот ти го испораќуваме според навиките на современата политика – во форма на нон пејпер.

Те известуваме дека македонското национално единство е наш приоритет и дека ни се приклучуваат се повеќе македонски организации. Те известуваме дека нашите соперници во играта, пред три години направија меѓународна распродажба на Илинден прогласувајќи го за празник на темницата на геноцидот, а на дневна основа се релативизираат вториот и третиот Илинден...Потоа си поиграа со ефтин поликолор создавајќи шарена револуција која ги избербети сите светии на македонската и светската цивилизација, ги прогласија за терористи најчистите македонски уставобранители, изработија кукла за со неа да тргуваат со единственото геополитичко име во Европа кое е непроменето и во употреба на сите географски карти и археолошки артефакти до зората на европската цивилизација, го забранија името Македонија во Македонија, ја забранија македонската историја пред светлината на нашите образи кои надоаѓаат од иднината и ја прогласија најкорумпираната власт во историјата на Европа за кандидат, најдоблесната награда на Европа, Нобеловата награда!? Ние... ги гледаме, ги гледаме и се чудиме! Нам ни е жал: за греота...

Драгане Богдановски, како што гледаш, сите наши соперници во играта на цивилизацијата ги изгубија сите цивилизациски натпревари...

Драгане Богдановски, подвижнику и преродбенику македонски, ти, го предвиде сето ова.Тебе ти го предаваме овој нон пејпер, во мир, разумно, затоа што не е хартија, затоа што е завет дека ти подигаме монументален споменик од почит, изграден од нашата почит и од наши раце и без помош од власти и меѓународни мешетари. Прифати го како наша мала жртва во споредба со твојата епска жртва за Македонија.

Смрт на фашизмот, Слобода на народот!

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
с. Клечовце, понеделник, 2 август 2021 година