Илинденска честитка од Бачев: Дојдовме еден ден порано на Мечкин Камен, не сакаме да дадеме легитимитет на марионетската власт


01.08.2021 | 15:44:59 | Прес Конференции


Илинденска честитка од Бачев: Дојдовме еден ден порано на Мечкин Камен, не сакаме да дадеме легитимитет на марионетската власт

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Крушево, недела, 1 август 2021 година

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој ја предводеше партиската делегација која положи цвеќе на Мечкин Камен, рече:

-„Од мое лично име и од име на Единствена Македонија, на македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија им го честитам најголемиот празник на нашата држава Илинден. Во спомен на Илинден денес дојдовме да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на славните Илинденци, храбрите Македонци и на нивната борба за слободна и независна Македонија.

Ние денеска дојдовме тука еден ден порано, бидејќи утре тука на ова исто место и во исто време ќе дојде марионетскиот премиер и марионетскиот претседател и плејадата албанска кои што ќе дојдат на ова место да одаваат почит.

Ние како македонци, како Единствена Македонија немаме намера да дадеме легитимитет на марионетската власт, бидејќи како што слушаме од утре веќе ќе се промени и карактерот на прославата на Илинден. Утре тука на ова место ќе парадира албанската елита во Македонија, ќе ечат албански песни и албански ора со што се целосно се албанизира прославата на Илинден.

Ако идеалот на славните Илинденци беше да создадат слободна и независна Македонија, нашата обврска како Макеоднци на оваа генерација Македонци е да ја сочуваме и одбраниме државата. Ние мораме да си ја вратиме државата која е окупирана и одземена од непријателите на македонското дело. После е многу лесно да ја направиме Македонија пристојно и убаво место за живеење, да ја направиме Македонија со убав економски стандард, бидејќи економската наука с епогрижила да ги измисли сите механизми како се прави држава со убав стандард за народот. Треба само чесни и честити политичари кои ќе влезат во битка со овие транзициски бандити и предавници кои 30 години крадат, лажат и ја растураат државата.

Ние денеска тука го одржуваме жив споменот на славните илинденци. Оваа наша битка не е за лидери, партии, власт туку е света битка за Македонија и македонскиот народ да останеме свои на своето.

Деновиве имам многу средби со граѓаните низ Републиката. Од одредени луѓе слуѓам дека луѓето биле уплашени. Некои се уплашиле за своите работни места, некои очекувале нови работни места, некои се плашеле за социјалната помош, некои се плашеле дали ќе добијат пакети со храна, некои се пашеле дали ќе добијат лиценци за работа. Луѓето биле уплашени.

Меѓутоа, од ова историско место за Македонците јас денес прашувам ако утре се разбудиме во ново државно-правно уредување, дали албанско, дали бугарско, или било какво. Дали тогаш нема да се плашите повеќе. Тогаш браќа Македонци и сестри Македонки, ќе се плашите уште повеќе бидејќи ќе живеете во туѓа држава и нема да бидете свои на своето. Јас знам дека е тешка битката за Македонија, но ние мора да си ја вратиме државата назад. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат.

Но да се потсетиме, не им било лесно и на славните Илинденци. Можел и Никола Карев да не се нафати да биде претседател на Крушевската Република. Можел и Питу Гули да не оди на Мечкин Камен. Можеле и Гоце Делчев и Даме Груев и Христо Узунов и Методија Патче да си бидат учители, да си уживаат со учителска плата и да не бидат револуционери. Можеле илјадници Македонци и Македонки во тоа време да не одат во планините и да си седат дома. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Затоа станете да се бориме, да ги спречиме овие марионети на „ѕверот“ кои што 30 години ни ја рушат државата. Само така ќе останеме свои на своето.

Нека е честит и вековит Илинден. Нека е вечно делото на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нека е вечна славата на борците за слободна и независна Македонија. Да ни е вечна Република Македонија“.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Крушево, недела, 1 август 2021 година