Согласно одлуката на ИК за средби со сите 45 претседатели на Опшински комитети во функција на локалните избори, досега средби со 15 претседатели на ОК


31.07.2021 | 15:00:09 | Соопштенија


Согласно одлуката на ИК за средби со сите 45 претседатели на Опшински комитети во функција на локалните избори, досега средби со 15 претседатели на ОК

Претседателот и генералниот секретар на Единствна Македонија досега остварија средби со 15 претседатели на општински комитети согласно одлуката на Извршниот комитет на партијата за средби со сите 45 претседатели на општинските комитети на Единствена Македонија.

Средби се остварени со претседателите на Општинските комитети: Тетово, Новаци, Битола, Могила, Прилеп, Росоман, Кавадарци, Гевгелија, Конче, Лозово, Македонска Каменица, Гази Баба, Илинден, Охрид, Струмица. Во периодот што следи ќе се остварат средби и со останатите 30 претседатели на општински комитети според планот за средби со сите 45 општински комитети на партијата.

Исто така, остварена е средба и со Координаторот на Задграничните комитети на Единствена Македонија за Швајцарија, Живко Атанасов.

Средбите се во функција на локалните избори во октомври. 

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 31 јули 2021 година