Единствена Македонија: Нашите пратеници на клоци ќе го бркаа Џафери и лажните патриотски пратеници за шверцерскиот и антимакедонски законот за државјанство


30.07.2021 | 14:02:55 | Соопштенија


Единствена Македонија: Нашите пратеници на клоци ќе го бркаа Џафери и лажните патриотски пратеници за шверцерскиот и антимакедонски законот за државјанство

Единствена Македонија и поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Макеоднија се силно вознемирени од вчерашното усвојување на измените на законот за државјанство.

Недозволиво, срамно и крајно опасно за македонските национални интереси е Албанци да добиваат државјанство со сметки за струја, вода, работна или здравствена книшка и други лични документи и косоварите пак ќе нагрнат по македонско државјанство со што се менува етничката структура во Република Македонија.

Јавноста подолго време е сведок на заканите на албански партии со блокада на Собранието доколку не се измени законот за државјанство. Со усвојувањето на измените на законот за државјнството, марионетската власт и албанските пратеници покажаа демонстрација на сила и ја открија болната вистина дека реален шеф во владата и државата е лидерот на ДУИ Али Ахмти.

Единствена Македонија се заветува дека ќе го врати достоинството на државните органи. Ветуваме дека пратениците на Единствена Макеоднија на клоци ќе ги бркаат Џафери и лажните патриотски пратеници и воопшто било кој во собраниската сала доколку прави и најмал обид за шверцерско и антимакедонско донесување на закони со кои се рушат виталните национални и државни интереси на македонскиот народ и македонската држава.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок 30 јули 2021 година