Единствена Македонија: Добар е предлогот за праг од 2 отсто собрани потписи, 3 отсто за избор на советник, а да се зголеми прагот за партиите од 1.000 на 5.000 основачи


29.07.2021 | 12:26:20 | Соопштенија


Единствена Македонија: Добар е предлогот за праг од 2 отсто собрани потписи, 3 отсто за избор на советник, а да се зголеми прагот за партиите од 1.000 на 5.000 основачи

За Единствена Македонија е добар предлогот за цензус од 2 отсто собрани потписи од запишаните избирачи како услов за пријавување на независни листи за локалните избори како и предлогот за 3 отсто освоени гласови за избор на советник.

Ова од причина, за каков кредибилитет во политиката може да се зборува ако тие што наумиле да пријават независни листи не можат да соберат 2 отсто потписи во односната општина, или, пак, не можат да освојат 3 отсто гласови за советник кој треба да ги претставува своите сожители во Советот на општината.

Но, за Единствена Македонија е неприфатлив цензусот од 1.000 основачи за формирање и пререгистрација на партии и бараме овој цензус да се зголеми на 5.000 основачи од следната причина.

Партиите се формираат и на секои четири години се пререгистрираат со 1.000 изјави на основачи заверени пред нотар. Како што е познато, во коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ има по дваесетина партии и јавна тајна е дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ им ги собираат потписите на овие партии при пререгистрацијата за да се фалат во јавноста дека божем имаат големи коалиции. Патем, СДСМ тоа и не го крие и постојано во јавноста повторува дека имале најголема коалиција. Настрана факот што, во изминатите 30 години стана редовна практика еден дел од овие партии властите да ги формираат по задача.

Затоа, Единствена Македонија бара зголемување на цензусот за формирање и пререгистрација на партиите од 1.000 на 5.000 основачи со што се отвора патот за своедвина лустрација на голем број - човек партии формирани по задача и кои пред секои избори служат за матење на политичката сцена.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток 29 април 2021 година