Единствена Македонија: Одговорност за 27 април ќе има, но за планерите и националните предавници


27.07.2021 | 12:58:25 | Соопштенија


Единствена Македонија: Одговорност за 27 април ќе има, но за планерите и националните предавници

Македонското правосудство со пресудата за т.н. организатори на 27 април несвесно призна дека ова е конструиран случај од “ѕверот“ за своевременото инсталирање на марионетската власт во Скопје со задача да го спроведе геноцидниот проект за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

За 27 април осудени се лица на повеќегодишни затворски казни. Зошто! Биле терористи и организатори. НЕ! Власта сака да ги фрли во темните затворски зандани само поради љубовта кон татковината.

Целата јавност веќе знае дека марионетската власт во Скопје која не ја оразува волјата на народот, суди за 27 април со лажен исказ на сведок.

Дури, правосудството го губи компасот со вчерашната смешна пресуда. И под претпоставка да имало кривични дела несфатливо е како може организатори да добијат пониски казни од извршители.

Одговорност за 27 април мора да има, и ќе има. Но, Единствена Македонија ветува дека одговорност ќе има за планерите и за национално предавство со бришење на се што е македонско. Мора најпосле да се дојде до официјален одговор, како и од кого беше наменското сценарио за 27 април.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник 27 април 2021 година