Единствена Македонија: Нов ден, нова лага на Заев, го изнафали градоначалникот на Охрид за рушење дивоградби а тој сам си призна дека се плаши да руши или руши наменски по четири години


25.07.2021 | 17:51:11 | Соопштенија


Единствена Македонија: Нов ден, нова лага на Заев, го изнафали градоначалникот на Охрид за рушење дивоградби а тој сам си призна дека се плаши да руши или руши наменски по четири години

Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на целата јавност. Заев во Охрид беше жив фатен во нова лага која само потврдува дека марионетската власт постојано се обидува да ја замајува јавноста.

Заев во Охрид лажно го изнафали охридскиот градоначалник за сето тоа што го има направено со уривањето на дивоградбите. Тоа не е ништо нов, Заев штом отвори уста лаже. Во овој случај најмалку од две причини:

Прво, градоначалникот на Охрид во однос на рушењето на дивоградбите уште од одамна искрено си призна дека дека нема да ги руши дивоградбите во сопственост на локален советник од ДУИ, бидејќи се плашел за својот живот и можело да биде убиен доколку чепка во дивоградбите.

Второ, пред еден месец охридскиот градоначалник сакајќи да се пофали самиот се дозакопа. Рече дека уште во 2017 му пратил на концесионерот решение за уривање на дивоградбата на плажата „Куба либре“ таман кога е избран за градоначалник во 2017 година. Сега сме 2021 година, четири години подоцна кога му истекува мандадот и пред локалните избори, охридскиот градоначалник се пофали дека тргнал во акција за рушење на оваа дивоградба.

Има уште многу вакви случаи, како на пример џамијата со најголемото минаре од 33 метри - дивоградба во центарот на Охрид, но, за ова во друга прилика.

Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да и објасни на македонската јавност за каква пофалба станува збор ако еден градоначалник се плаши да руши дивоградби или му требаат дури четири години да сруши една дивоградба. Овие прашања заслужуваат одговор.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 25 јули 2021 година