Божиноски: Бараме да се стопира распродажбата на македонското земјоделско земјиште за евро квадрат - еве ги причините


20.07.2021 | 22:07:49 | Прес Конференции


Божиноски: Бараме да се стопира распродажбата на македонското земјоделско земјиште за евро квадрат - еве ги причините

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
проф. Вангел Божиноски, претседател на „Македонска Преродба“
Скопје, вторник 20 јули 2021 година

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, вторник 20 јули 2021 година одржа прес конференција во врска со најавата за продажба на македонското земјоделско земјиште за евро по квадрат.

На прес конференцијата, во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ Вангел Божиноски рече:

Почитувани медиуми, 
Почитувани граѓани на Македонија, 
Почитувани Македонци,

-„Оваа прес конференција според агендата на медиумите е некако депласирана, бидејќи ако забележите, медиумите одамна престанаа да отвораат теми во врска со продажбата на македонското земјиште по едно евро квадрат. Ние сметаме дека таа работа иако не е на медиуми, активно се дејствува во таа смисла зад завесата на некои далеку помалку важни работи.

Затоа, ова дејство има намера да го возобнови вниманието кон вознемирувачкото соопштение торжествено објавено од високите позиции на окупираната македонска власт, поврзано со неверојатната одлука да се распродава елементарното богатство на македонскиот народ, милениумскиот простор кој внимателно со многу умешност сме го култивирале, граделе, осветувале, и сме го истетовирале со светото име Македонија.

Ова е вистински момент да потсетам: Македонија и македонскиот народ е единствениот геополитички ентитет во Европа кој никогаш во најмалку 8.000 години суштествување на европската историја не го сменил името. Ова што го соопштуваме е научен, археолошки потврден факт кој УНЕСКО треба да го прифати и заштити како светско културно наследство.

Ова е реалност.

Сега да се вратиме на секојдневноста.

Бараме да се стопираат сите понатамошни дејствија поврзани со распродажбата на македонското земјоделско земјиште поради едноставни, банални причини.

Прво, идејата за распродажба не е втемелена во законската регулатива на ниеден параграф усвоен во историјата на Македонија од времето на Првата европска држава до денес. Не постои закон во светското право кој на една група случајни луѓе би им обезбедил право да продаваат земја која не е приватна своина, особено ако таа почва ја плукале и поганеле и омаловажувале и никогаш не внеле сопствена енерегија во нејзиното одгледување.

Второ, не може да се согледа ниедна разумна причина за распродажба на земјоделско земјиште затоа што тоа земјиште не е само земјоделско и затоа што во праксата која ја креира власта тоа веднаш ќе значи екстериторијалност на македонското недвижно наследство со катстрофални последици кои веќе ги живееме.

Трето, сметаме дека слободорачната бројка 1 евро по квадрат е неразбирлива идеја не само поради нејасноста на формулирањето на цената од страна на оваа власт, туку поради ноторниот историски факт кој кристално јасно се повторува низ светската историја: земјата на еден народ не е за продавање бидејќи е заслужена низ традицијата и треба пстојано да се заслужува, одгледува, брани и чува.

Затоа, почитувани, власта која сака да ги решава небулозите поради сопствената неспосбност со распродажба на вредностите создадени од доблеста на претходнатѕа традиција, мора да се прогласи за некадарна за почесните позиции кои ги ужива без да возврати за довербата која и е дадена. Сметаме дека оваа авантура со распродажба на земјиштето мора да се стави ад акта. Според меѓуанародното право еден ентитет е држава ако има територија, власт и население. Ако се изгуби територијата не постои државата“ - потенцираше Божиноски.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, вторник, 20 јули 2021 година