Единствена Македонија: Доколку Шилегов верува дека го решил загадувањето во Скопје со знаење, најмалку што може да очекува е луѓето да почнат да се смеат


17.07.2021 | 15:51:04 | Соопштенија


Единствена Македонија: Доколку Шилегов верува дека го решил загадувањето во Скопје со знаење, најмалку што може да очекува е луѓето да почнат да се смеат

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес се пофали дека го решил проблемот со големото загадување во Скопје и дека во Скопје нема повеќе загадени денови.

Од изјавата произлегува дека Шилегов измислил нешто што не им успеваше на сите претходни градоначалници во Скопје да се справат со загадувањето, но, притоа Шилегов не кажува како го симнал загадувањето.

Го повикуваме Шилегов да одговори како го решил загадувањето - дали се работи за новоизмислени начини од Шилегов за отстранување на загадувањето, дали тоа е резултат на случајност и природни околности, дали се работи за развиена свест кај Скопјани повеќе да не загадуваат... Како и да е, ова прашање заслужува одговор. Шилегов им должи одговор на жителите на Скопје како го решил загадувањето.

Но, едно е сигурно. Доколку Шилегов мисли дека го тргнал загадувањето со способност и знаење со новопронајдени и новоизмислени  начини кои никој ниту ги слушнал ниту ги видел во реалноста, тогаш најмалку што може да очекува Шилегов е смеењето од жителите на Скопје на ваквите несериозни изјави кои немаат здраворазумска логика.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 17 јули 2021 година