Бачев на одбележувањето на 114 години од Битката на Ножот: Станете да се бориме и да ги запреме марионетите на „ѕверот“ кои 30 години ја рушат Македонија


12.07.2021 | 15:05:09 | Прес Конференции


Бачев на одбележувањето на 114 години од Битката на Ножот: Станете да се бориме и да ги запреме марионетите на „ѕверот“ кои 30 години ја рушат Македонија

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
с. Никодин, с. Ракле, Врвот „Ножот“, недела, 11 јули 2021 година

Единствена Македонија оддаде почит по повод 114 години од Битката на Ножот. На настанот присуствуваше и претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој истакна:

-„Денеска дојдовме во атарот на селата Никодин и Ракле, Прилепско, да оддадеме почит и да го одржуваме жив споменот на херојската смрт на македонските комити кои загинаа тука пред 114 години, а особено да оддадеме почит на епската битка на планинскиот врв „Ножот“ каде загинаа 54 македонски комити од Костурско-Леринската чета.

Тука во вој регион во тоа време оперирале околу 200 добро наоружани македонски комити кои дошле да и помогнат на заслабената Прилепска околиска чета. Турскиот аскер дознавајќи за движењето на македонските чети во овој регион ќе испрати силен турски аскер со околу  3.000 војници да се пресметаат со македонските комити.

Македонските војводи кои раководеле со овие чести на 13 јули 1907 година, еден ден пред битката носат одлука да се повлечат бидејќи за нив било самоубиствено да се влегува во нерамна битка со турскиот аскер.

Меѓутоа 54 младинци воглавно дваесетгодишњаци од Костурско-Леринската чета кои  што биле стационирани на врвот „Ножот„ ја одбиле наредбата сметајќи дека е несвојствено и нереволуционерно да се повлекуваат и влегуваат во нерамна битка со турскиот аскер.

Сите 54 млади македонски комити го положија животот за слободна и независна Македонија, а последните седум комити за да не паднат живи во рацете на аскерот, со бомби си го одземаат животот разнесувајчи ги сопствените тела.

114 години подоцна од оваа најголема и најкрвава битка после Илинденското востане, ние оваа генерација Македонци како да не сме достојни на делото на македонските комити. Ја губиме државата а сето тоа немо го посматраме и си молчиме.

Затоа, упатувам апел до сите Македонци, станеме да се бориме за нашата држава, нашата татковина и да ги запреме овие марионети на „ѕверот“ кои 30 години ни ја уништуваат државата. 

Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. Тука на ова свето место за нас Македонците, се заветувам дека никогаш нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на овие македонски комити кои се бореа за слободна и независна Македонија.

 

За мене особено е разочарувачко што денес не гледам претставници на СДСМ да оддадат почит на ова свето место за нас Македонците. Тука сме денес од Единствена Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ и бројни македонски родољуби и патриоти кои дојдоа да оддадат почит на македонските комити кои храбро го положија животот за слободна и независна Македонија

Да ни е жив споменот на загинатите во Битката на Ножот!      
Да ни е вечна македонската држава!       
Тивко е на Ножот!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
с. Никодин, с. Ракле, Врвот „Ножот“, недела, 11 јули 2021 година