Единствена Македонија: Заев ја порази идејата за правна држава, нема да бара одговорност од Џафери за промовирање на јазична федерализација


10.07.2021 | 14:43:45 | Соопштенија


Единствена Македонија: Заев ја порази идејата за правна држава, нема да бара одговорност од Џафери за промовирање на јазична федерализација

Зоран Заев денеска изјави дека нема да бара одговорност од Талат Џафери кој во Брисел во својство на претседател на македонското собрание зборуваше на албански јазик иако според македонскиот устав во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик.

Талат Џафери во Брисел со зборувањето на албански јазик отворено промовира јазична федерализација како преодна етапа до територијална федерализација со крајна цел создавање Голема Албанија во која влегуваат и делови од Република Македонија.

Но, Зран Заев за ова флагратно кршење на Уставот нема да бара одговорност, туку, уште и го брани Џафери дека бил испровоциран да зборува на албански и притоа го замолува Џафери само да објасни зошто зборувал на албански јазик.

Марионетскиот премиер Зоран Заев ја порази идејата за правна држава. Заев во одбрана на големиот срам и тешката навреда спрема Македонија на меѓународната сцена од страна на Талат Џафери. За Единствена Македонија нема дилема. Потребна е  одговорност за Џафери за непочитување на македонскиот јазик, а не објаснување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 10 јули 2021 година