Силна и моќна реакција на Бачев по денешната средба меѓу марионетите на „ѕверот“ Зоран Заев и Весли Кларк


08.07.2021 | 13:51:42 | Соопштенија


Силна и моќна реакција на Бачев по денешната средба меѓу марионетите на „ѕверот“ Зоран Заев и Весли Кларк

Реакција, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 8 јули 2021 година

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев со реакција на денешната средба меѓу Зоран Заев и Весли Кларк.

- „Слушнав нешто од марионетите на „ѕверот“ Зоран Заев и пензионираниот генерал на САД, сега бизнисмен, Весли Кларк, кои денеска по нивната средба во Скопје изјавија дека во Македонија има сигурност во економијата и владеење на правото.

Кажаното од Заев и Кларк ми личи на еден епитаф на надгробна плоча во едно мало холандско гратче каде пишува - мртвите не се тепаат, но живите имаат поинаков темперамент. За која сигурност во економијата и владеење на правото зборуваат Заев и Кларк кога во Македонија владее безаконие, криминал, корупција и национално предавство, а во однос на Македонија се преминати сите црвени лини и се погазени сите правила и норми на кои почива современата меѓународна заедница.

„Ѕверот“ преку свои домашни и надворешни марионети Заев и Весли Кларк, насилно, со уцени и закани бришат се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, нешто шо е недозволиво и забрането со меѓународното право.

Замислете која дрскост од Кларк, среде Скопје зборува за владеење на правото, а токму тој не го почитува овој принцип на современата демократија во однос на македонскиот народ и македонската држава оти бришат цел еден народ од светската мапа на нации.

Настрана фактот што, Весли Кларк како поранешен команданат на НАТО за Европа во 1999 година изврши најгроморозно бомбардирање на Србија убивајќи голем број цивили и деца. За овој негов геноциден потфат, по завршувањето на војничката кариера, „ѕверот“ го промовира Кларк во бизнисмен на кого му даде дозвола за експлоатација на јаглен во Косово од кој подоцна се добива синтетичка нафта која се користи за производство на струја, вештачко ѓубре и производство на пластика а горивото се користи и за стартување на воените авиони на САД, а сето тоа преку наменската компанија на Кларк регистрирана во Канада под назив „Енвидити“.

Кажувам директно и јасно - ние во Единствена Македонија сме во политиката да ги бркаме таквите како Заев и Кларк кои не го почитуваат домашното и меѓународното право. Ја користам приликата да го реафирмирам заветот на Единствена Македонија пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека секогаш ќе бидеме на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. За таа цел, антимакедонските договори мора да бидат поништени, и ќе бидат поништени. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 08 јули 2021 година