Единствена Македонија: ВМРО-ДПМНЕ да ја достави Резолуцијата за спорот со Бугарија до сите партии, одбраната на Македонија не е прашање само за Собранието


05.07.2021 | 13:22:19 | Соопштенија


Единствена Македонија: ВМРО-ДПМНЕ да ја достави Резолуцијата за спорот со Бугарија до сите партии, одбраната на Македонија не е прашање само за Собранието

Единствена Македонија ја подржува Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со спорот со Бугарија за заштита на македонските национални и државни интереси. А што може да се очекува од една партија како Единствена Македонија која во основа се бори за заштита на македонските интереси.

Но, истовремено изразуваме несогласување со потегот на ВМРО-ДПМНЕ, Резолуцијата да ја достави само до парламентарните партии со целосно заобиколување на вонпарламентарните партии.

Прашањето за одбрана на Македонија и Македонците не е прашање само на Собранието, туку на целиот македонски народ. Затоа, го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја понуди Резолуцијата за прифаќање до сите 53 политички партии во Република Македонија. Само така ќе дојдеме до тоа што постојано низ годините го бара Единствена Македонија за домашно единство како најсилна брана против било каква внатрешна и надворешна закна.

Ја користиме приликата да го реафирмираме заветот на Единствена Македонија пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека секогаш ќе биде на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 7 јули 2021 година