Единствена Македонија до Филип Рикер: Престани да лажеш дека Договорот од Преспа е завршена работа, договорот е ништовен и ќе биде поништен


04.07.2021 | 15:54:26 | Соопштенија


Единствена Македонија до Филип Рикер: Престани да лажеш дека Договорот од Преспа е завршена работа, договорот е ништовен и ќе биде поништен

Филип Рикер и останатите експонати на „ѕверот“ мора да се во очај штом изминатите денови водат силна медиумска кампања дека предавничкиот и капитуланстки договор со Грција не може да се поништи и дека тоа е завршена работа.

Македонскиот народ нека заборави на оваа лага на Рикер. Договорот со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е ништовен според меѓународното право. Потребно е само да дојде национална и патриотска власт со определба да го поништи договорот.

Ја користиме приликата да го реафирмираме заветот на Единствена Македонија пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека антимакедонските договори на марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар, ќе бидат поништени.

Единствена Македонија ќе ја почитува волјата на народот од референдумот на 30 септември 2018 година дека не сака промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 4 јули 2021 година