Пред разурнатото сеќавање на егзодусот


03.07.2021 | 13:10:03 |


Пред разурнатото сеќавање на егзодусот

Веб колумна, Вангел Божиновски, 3 јули 2021 година

...се јавувам од една невозможна земја...

Во центарот на главниот град на оваа невозможна земја можете да забележите множество скулптури посветени на кристализираното сеќавање на овој невозможен народ. Пред да се појави оваа кристализација како неизбежна појава на историчноста во овој град не постоеше стопанската гранка туризам. Откако се исправија во неочекуван број за сите, овие молчаливи сенки предизвикаа неверојатен број туристи од целиот земјин шар и Скопје стана интересна приказна која од ден на ден се намножува во квантитет и квалитет.

Известување број 03072021....трета планета...Сончев систем...Млечен Пат....Локална група....повеќе од 14 милијарди светлосни години по Големиот Почеток...

Со време создадов една полезна навика да правам прошетка од споменик до споменик, забележувајки како се повеќе исчезнуваат објаснувањата поради кои е исправен определен уметничко историски опус. Најчесто страдаат букви, потоа цели бронзени табли со опис, потоа се на ред главите на бистите, но, исчезнуваат и цели композиции на коњаници кои тежат и по неколку тона. Но се е навика.

Најинтересен во оваа смисла е еден чуден споменик кој откако е направен најчесто го преживува циклусот на девастација опишан во претходната реченица. Во едно корито кое можеби е базен, можеби хербариум, можеби кенотаф, се исправа една џиновска книга историја која е најверојатно со повеќе милениумска старост и која поради староста го доживеала природниот процес на калцификација. Само поради одлуката на издавачот , насловната страница да биде изведена рељефно и во бронза, останала илустрацијата на која се гледа збег, една млада мома која како мајка спасува група деца и ги води некаде. Текстот на кориците или страниците бара употреба на најнова ласерска технологија, но тоа никому не сум го предложил поради фактот дека сегашната власт исклучително панично се плаши од минатото. Сметам дека е подобро да мислат дека станува збор за армирано бетонско платно покриено со камен малтер и дека означува надгробна плоча. Во секој случај должни сме да бидеме внимателни.

Неодамна забележав двајца слободни туристи (слободни во смисла без професионален водич) пред споменикот подигнат како сеќавање на најгрозоморниот егзодус во историјата на европската демократија. Стојат пред разурнат безимен куп од безредие. Сепак уште е тука вертикалата на книгата и на насловната страна една исклучително млада МАЈКА и група на дребни деца по неа. Одат некаде на Исток, доколку сметаме дека уметникот кој го правел рељефот на насловната страна внимавал на смерот. Едниот од нив се обидува да прочита и гласно му објаснува на другиот заклучувајки според сопственото знаење за Македонија, дека е ова споменик од 6 век по Богомладенецот и го симболизира доаѓањето на словените од зад Карпатите и дека она темното под нозете е Дунав и дека во рацете можат да се забележат трските со кои го препливале коритото на реката широко околу 1.000 метри и дека тоа е епски подвиг ако се земе предвид дека биле недоветен народ кој едвај да знаел да плива и дека биле прогонети од Хуните, Аварите, Атила, Кублај кан, Бату кан и Џингис кан. Се насмеаја гласно. Останаа задоволни со своето знаење и својата супериорна култура. Потоа се упатија кон сеуште неизградениот споменик на некогашниот егеец Шилегов “акиндин“.

ПОМИСЛИВ: Колку е исклучително важна информацијата која ја содржи естетската категорија СПОМЕНИК.

Се доближив и сватив дека во оваа состојба несудените авантуристи, АПСОЛУТНО ИСПРАВНО ПРОЧИТАЛЕ! Ова што останало од споменикот точно КОНОТИРА такво објаснение.

Се гледа дека е збег. Се гледа дека одат на Исток. Може да се претпостави дека газат по вода и дека во врзопите има и трски. Но, додека се изненадував од настанот ми се приближи еден граѓанин (обрнувам внимание дека не е препорачливо македонците да се декларираат како Македонци бидејки така не можат да влезат...но да ја оставиме таа епизода за следниот извештај). Значи, граѓанинот ми призна дека ги слушнал туристите и забележал дека и јас не сум од оваа секојдневност затоа се обиде да ми го рассветли проблемот...

Објаснувањето го испраќам во целост со возможни минимални неточни цитирања:

Предизвикан сум да објаснам иако ова признавам е невообичаен начин да ви го одземам времето, но...

Проблемот е кај мене јас ја знам историјата на оваа епизода. Затоа овде гледам 300 000 прогонети Македонци, но, не од немилосрдните и “нецивилизирани азијци“ туку од “крлетката на демократијата, културата, етиката и филозофијата на европската цивилизација“. Од бога измислената Грција, само што тој бог бил и со титула сер и пушел Ла Арома де Куба и бил фашист по вероисповест. Јас гледам 30.000 деца откорнати од Мајките и Таковците, откорнати од татковината на која биле родени и раѓани од времето на Големиот Потоп, откорнати од цивилизациското јадро кое сами го граделе 10.000 години, ги гледам прогонети од измислената маша крстена Грција, расселени без право цел живот да ги видат повторно родителите и роднините и родните огништа, ги знам конфискуваните имоти, сум ги посетил ископачените гробишта, преименуваните градови села, реки и планини на јазик измислен 1870 година, ги препознавам разнебитените души кои се осудени на талкање според проектот на европските великани со цел да немаат ни ИМЕ, ни МЕСТО,...САМО ЗДИВ.

ДЕНЕС, ОВДЕ, СЕГА и здивот е фокус на европската демократија.

Затоа, како предизборна кампања наложено му е (какво безпризорно лицемерие) на расчинетиот Македонец по потекло од Егејот кандидатот за реизбор на местото градоначалник да го обнови местото со следниот епитаф. Информацијата е од длабоката држава. Дозволете да ви го врачам документот....Граѓанинот погледнува лево-десно, ми го дава документот и заминува...Го разгледувам спомен-обележјето и од задната страна на која забележувам дека постоела поголема бронзена плоча. Претпоставив дека сегашниот градоначалник наречен “акиндин“ треба да го излие следниот текст:

**ПОРАДИ ПОТРЕБИТЕ НА ПОСВЕТЛАТА ИДНИНА НЕОПХОДНО Е ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЦИ, ДЕКА СТЕ СТАРОСЕДЕЛЦИ НА ОВА ПОЛУОСТРВО, ДЕКА ОВАА ЗЕМЈА Е ВАШАТА МАКЕДОНИЈА, ДЕКА ВООПШТО ИМАТЕ МИНАТО И ДЕКА ТРЕБА ДА ИМАТЕ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ СО ПОСЕБЕН ПРЕДМЕТ ИСТОРИЈА. ВИЕ СТЕ БУЛУМЕНТА ОД ЗАД КАРПАТИТЕ И ВАШИ ПРЕДЦИ СЕ КОМАРЦИТЕ ОД МОЧУРИШТАТА ЗАД КАРПАТИТЕ...НАМ НИ БЕШЕ МАЧНО ДА ВЕ ОПИСМЕНИМЕ И ПО 300 ГОДИНИ ОБИДИ УСПЕАВМЕ ДА ВИ ОБЈАСНИМЕ ЗОШТО Е ПОТРЕБНА АЗБУКА, ПО 1350 ГОДИНИ ВИ ГО ДАДОВМЕ КОМУНИСТОТ ТИТО ДА ВЕ КРСТИ МАКЕДОНЦИ И ЕВЕ 30 ГОДИНИ НИКАКО ДА РАЗБЕРЕТЕ ШТО Е ДРЖАВА.**....

Сметам дека овој извештај дава доволно информации за споменичната култура на оваа невозможна земја. Но, би сакал да додадам уште некој збор кој не е поврзан со уметноста. На име се одржаа 2 едноподруго чествувања на ова место во рамка на 3 дена и многумина ламентираа над фашистичкиот прогон. Навика, навика. Тоа се случува секоја година ова време. Оваа година се појави нов говорник, со нов речник и со нова дикција. Порценете сами:

“ Почитувани

ОВДЕ И СЕГА ПРЕД ОВАА КАЛЦИФИЦИРАНА КНИГА рецкана од милениумскиот даб од КОСТУР, НА ЧИЈА НАСЛОВНА СТРАНА СТОИ МАКЕДОНСКА МАЈКА СО МАКЕДОНСКИ ОБРАЗИ КОИ НАДОАЃААТ ОД ИДНИНАТА,

ВО ИМЕ НА НАЈГРОЗОМОРНИОТ ЕГЗОДУС

ВО ИМЕ НА ВИСТИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА

ВО ИМЕ НА ВИСТИНАТА КОЈА ПРЕД НАС ЦРВЕНЕЕ И ВИКА

ПРЕДЛАГАМ

НА ОВОЈ СВЕЧЕН СОБОР ДА ГО ОДБИЕМЕ “ПОДАРОКОТ“ НА РАСЧИНЕТИОТ македонец  Шилегов и да го прогласиме недостоен да го допре ова свето место!

СЕТЕТЕ СЕ НА МУДРИОТ ЛАОКОН КОЈ ПРЕД 3200 ГОДИНИ ИЗВИКАЛ:

СЕ СОМНЕВАМ ВО ДАНАЈЦИТЕ И ДАРОВИ КОГА НОСАТ!

ПОЧИТУВАНИ,

СЕТЕТЕ ЈА СЕТНИНАТА.“

Крај на пораката. Мислам дека ќе остане нејасна точка појавата на зборовите “шилегов“ и “акиндин“, но и за мене тоа е нејасен дел од извештајот. Известител 10121950