Бачев положи цвеќе на споменикот на децата - бегалци и упати порака до Шилегов: Погази врз своите егејски корени и не си достоен да интервенираш врз овој споменик


01.07.2021 | 13:52:06 | Прес Конференции


Бачев положи цвеќе на споменикот на децата - бегалци и упати порака до Шилегов: Погази врз своите егејски корени и не си достоен да интервенираш врз овој споменик

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 1 јули 2021 година

По повод 72 години од трагичната судбина на 28.000 деца бегалци од Егејска Македонија, денес делегација на Единствена Македонија положи цвеќе на споменикот во Скопје.

Во изјава за јавноста претседателот Бачев истакна:

Почитувани браќа Македонци и сестри Македонки,

-„Денеска сме пред споменикот подигнат во сеќавање на најгроморозниот геноцид и трагедија од страна на т.н. европска демократија и еден од најбруталните настани во европската и македонската историја.

72 години подоцна, ова е црно петно на совеста на Европа која сеуште избегнува да го признае. Меѓутоа, они можат да прават што сакат, наша генерација како Македонци денеска е да го одржуваме жив споменот на оваа човечка трагедија, на овие 28.000 деца кои беа откорнати од своите мајки, од своите татковци, од својата татковина, од својата цивилизација, која, денеска, најбрутално ни ја краде вештачки создадената грчка држава по налог на западот.

Јас во моети кратко обраќање сакам да упатам една порака до скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој гордо истакнува дека е потомок од Егејска Македонија, дека неговите претци се од Егерјска Македонија. Слушам дека Шилегов донел некој план, сега во оваа кампања предизборна да го обновува овој споменик или како што напишал да го разубавува овој споменик. Мојата порака што сакам денеск да ја упатам до Шилегов, кој е дел од оваа марионетска власт и е дел од преспанскиот договор со кој се избриша се што е македонско, кој што го брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

 

Во овој контекст сакам денеска да го прашам Петре Шилегов, со кое лице ќе дојдеш овде пред овој споменик кога погази врз коските на својот дедо, на својата баба, бидејќи со тој преспански договор нема Македонци повеќе во Грција, се е избришано. Затоа нормален, доблесен човек кој води грижа за своето достоинство, би се срамел тука да дојде,  да помине во радиус од стотина метри, а не пак да се осуди да го реновира и обновува овој споменик.

Или да спомнам на една порака уште пред 3200 години: не им верувајте на данајците и дарови кога носат.

И затоа Петре Шилегов, еве, јас тука ви предлагам сите вие што сме тука на овој собор, треба да му упатиме една порака да му предложиме, да му заблагодариме, да не смее да помисли да дојде тука на овој споменик и да го обвновуа, бидејќи погази врз коските на насјветото.

На крај, да кажам дека ја делам загриженоста и пораката што ја упати господинот Ташко Јованов, дајте до година сите како Македоцни да се обединиме на ова место догодина тука достојно да прославиме, да се обединиме на македонски, и сите тука да го прославиме овој посебно значаен момент од нашата македонска историја, да престанат делбите, и на крај да се обединиме на македонски“.