Бачев на одбележувањето на 100 години од убиството на Ѓорче Петров: Ако борбата на генерацијата на Ѓорче беше независна Македонија, наша обврска денес е да ја одбраниме Македонија


28.06.2021 | 23:19:19 | Прес Конференции


Бачев на одбележувањето на 100 години од убиството на Ѓорче Петров: Ако борбата на генерацијата на Ѓорче беше независна Македонија, наша обврска денес е да ја одбраниме Македонија

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев. претседател на Единствена Македонија
Прилеп, понеделник, 28 јуни 2021 година

По повод 100 години од убиството на Ѓорче Петров, денес претседателот и генералниот секретар на Единствена Македонија со претставници на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Прилеп положија цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп и пред родната куќа во Варош на Ѓорче Петров.

Во изјава за јавноста претседателот Бачев истакна:

-„Се наоѓаме пред родната куќа на Ѓорче Петров со цел да положиме цвеќе и да го одржуваме жив споменот на големиот македонски револуционер, публицист, идеолог и организатор Ѓорче Петров. Денес се навршуваат сто години од насилната смрт на Ѓорче Петров во Софија во 1921 година.

Ѓорче Петров целиот живот го посвети на борбата за самостојна и независна Македонија. Учесник во Илинденското востание иако заедно со Гоце Делчев, Пере Тошев не се слагале за подигнување на востанието, бидејќи, сметале дека во тој момент организацијата сеуште не е спремна и не е доволно наоружана да го крене востаните. Меѓутоа, наспроти ова, учествувал со своја чета во прилепско-мариовскиот крај. Учесник во балканските војни, сведок на трагичната поделба на Македонија после балканските војни од соседите Бугарија, Грција и Србија. Учесник, исто така, и во Првата светска војна.

Во 1921 година, за жал трагична е судбината и на Ѓорче Петров како голем број македонски револуционери кои што загинале од раката на Македонци во тие братоубиствени војни кои што се случувале во Софија во дваесетите години на минатиот век. Впрочем, тажна е судбината на сите македонски револуционери кои како што знаеме во историјата, загинувале од тоа што биле опколени од многуброен турски аскер, па, не сакајќи да се предадат сами си го одземале животот или како во случајот со Ѓорче Петров кога биле убиени од македонска рака, од наши Македонци во тие братоубиствени војни.

Ѓорче Петров цвелиот свој живот го посветил на идејата за самостојна и независна Македонија, Дури, за него може да се каже дека е најупорниот од сите македонски револуционери да се опстане на идејата за самостојна и независна Македонија.

Ѓорче Петров уште со основањето на организацијат во 1893 година, значи само по една година по основањето во Солун, се приклучува на организацијата и ќе остане верен на идеалите се до својата насилна смрт во Софија во 1921 година. Бил еден од водечките луѓе во организацијата, главен аналитичар, публицист кој што е автор на повеќе правилници и уставот на Македонската револуционерна организација заедно со Гоце Делчев.

Ние оваа генерација Македонци имаме голема обврска да продолжиме по патот кој што го трасираа македонските великани, македонските револуционери како што е Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Пере Тошев, и сите тие кои што го трасираа патот за самостојна и независна Македонија. Нивното дело беше остварено, тие ја создадоа организацијата, го создадоа делото, а делото е независна и самостојна македонска држава.

Затоа нашата обврска денеска е голема, на ова генерација Македонци, да ја сочуваме Македонија која што гледаме пред налетот на марионетската власт која што брише се што е македонско. Затоа ние како Единствена Македонија ќе останеме секогаш верни на традицијата на македонските великани да си ја одбраниме татковината и да си ја вратиме државата назад.

Нека е жив споменот на Ѓорче Петров!    
Нема ни е вечна Република Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Прилеп, понеделник, 28 јуни 2021 година