Единствена Македонија: Продолжува грабежот во РЕК Битола, приватници за четири години власт на Заев „изгореле“ 123 милиони евра


27.06.2021 | 14:32:44 | Соопштенија


Единствена Македонија: Продолжува грабежот во РЕК Битола, приватници за четири години власт на Заев „изгореле“ 123 милиони евра

Грабежот преку златната кокошка РЕК Битола продолжува. Марионетската власт на Заев му додели нов тендер од 12 милиони евра на бизнисменот Силјан Мицевски за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Во изминатите четири години откако Заев е на власт, приватници „изгореле“ повеќе од 123 милини евра за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола.

Од друга страна, доколку државата, односно ЕСМ си купи сопствена механизација за ископ на јаглен тоа ќе чини 40 милиони евра а која механизација би се користела 15 години, со што државата ќе заштеди стотици милиони евра.

Но, пропаднаа двата огласи за купување на сопствена механизација. Заев не сака да ги прекине релациите со приватници кои копаат јаглен, со што пазарењето и провизиите во милиони евра продолжуваат и сето тоа со народни пари и врз грбот на граѓаните.

Ова лудило со грабежот на народни пари мора да престане. Единствена Македонија ветува дека одговорност за повеќегодишниот грабеж во РЕК Битола мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 27 јуни 2021 година