Единствена Македонија до Заев: Те шамараат на рати од Бугарија, повлечи се од антимакедонските договарања со Бугарија


23.06.2021 | 13:16:07 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: Те шамараат на рати од Бугарија, повлечи се од антимакедонските договарања со Бугарија

Марионетската власт на Зоран Заев со најновото бугарско вето за недобивањето датум за преговори на Македонија со ЕУ, продолжува да добива силни шамари на рати од Бугарија.

Бугарското вето се сведува на тоа дека треба да дојде до бришење на македонската нација, јазик, историја, Македоцните во Пиринска Македонија, а сето тоа како услов Бугарија да дозволи почеток на преговори со ЕУ иако членството во ЕУ само по себе е неизвесен факт за кое не може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од дваесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија ќе опстане.

За волја на вистината, проблемите доаѓаат од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата, а не од бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло.

По силниот шамар за Заев од Бугарија, Единствена Македонија со фер понуда до Заев да се повлече од антимакедонските договарања со Бугарија. Надворешната политика на власта во изминатиот период со која се загрозени националните и државните интереси, доживеа целосен пораз.

Единствена Македонија кажува отворено и јасно - антимакедонските договори ќе бидат поништени како спротивни на домашното и меѓународното право. За штетата  за националните интереси, одговорност мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 23 јуни 2021