Единствена Македонија: Заев да каже какви отстапки направи со новиот предлог до Бугарија


18.06.2021 | 11:27:50 | Соопштенија


Единствена Македонија:  Заев да каже какви отстапки направи со новиот предлог до Бугарија

По вчерашната посета во Софија излезе информацијата дека Зоран Заев понудил нов конкретен предлог до Бугарија за решавање на т.н. бугарско-македонски спор.

Јавноста е сведок дека Заев досега со секоја своја изјава, со секоја своја посета на Софија се повеќе ги распродава македонските национални интереси.

Засега останува тајна содржината на новиот предлог на Заев за кој се зборува по вчерашната посета на Софија, но, го потсетуваме Заев да ја прекине опасната авантура за подарување на македоснкиот идентитет, историја, јазик и култура на Бугарија, бидејќи нема мандат за распродажба на националните интереси.

Прашањето за Македонија и Македонците не е прашање на една партија, на една влада. Единствена Македонија го повикува Заев да го покаже новиот антимакедонски предлог што вчера го дал до Софија.

Новата народна власт која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори, одговорност за рушење на Македонија и Македонците мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок 18 јуни 2021 година

Макфакс

Инфо

Утрински весник

Грид

Вести