Единствена Македонија: Државата стана приватен вилает на Заев: Заедно со жена му и Османи и Бектеши со државниот авион на приватна забава во Букурешт


14.06.2021 | 12:40:14 | Соопштенија


Единствена Македонија: Државата стана приватен вилает на Заев: Заедно со жена му и Османи и Бектеши со државниот авион на приватна забава во Букурешт

Зоран Заев и жена му заедно со министрите Бујар Османи и Крешник Бектеши си тераа приватна забава со државниот авион во врска со фудбалскиот натпревар Македонија - Австрија во Букурешт.

Заев и министрите немаа во Букурешт ниту една државна средба со странски државници, односно, пред и после натпреварот немаа работи и работни задачи од својата надлежност. Затоа, вчерашната нивна посета на Букурешт е од приватен карактер.

Не е спорно дека Заев и жена му и министрите имаат право да си гледаат фудбалски натпревари ширум Европа. Но, тоа треба да го прават во сопствена режија. На пример, Заев постојано потенцира дека е стравстен моторџија, па, можел со жена му да си појдат со мотор до Букурешт со платени трошоци од лична сметка.

Единствена Македонија ги повикува надлежните да го испитаат овој сомнеж дека државата станува приватен вилает на Заев кој заедно со министри злоупотребува државни ресурси во приватни цели. Освен, се разбира, доколку Заев нема посебен договор со владата за користење на државниот авион и за приватни цели.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 14 јуни 2021 година