Единствена Македонија: Заев да раскаже како вистински се збогати, приказната дека заработил 2 милиони марки од продажба на лубеници и пиперки е само добра забава


13.06.2021 | 13:45:37 | Соопштенија


Единствена Македонија: Заев да раскаже како вистински се збогати, приказната дека заработил 2 милиони марки од продажба на лубеници и пиперки е само добра забава

Зоран Заев отворено се заебава и ја навреди интелегенцијата на народот со срцепарателното интервју за српски “Курир“ дека првите 2,4 милиони тогашни германски марки ги заработил како млад земјоделец од Муртино со продавање на лубенции, пиперки и домати на пазарот во Горњи Милановац, Србија.

Точно е дека македонските земјоделци уште во Југославија своите производи ги продаваа на зелените пазари од Врање, па, се до Белград, сосе Горњи Милановац.

Единствена Македонија сака да му верува на Заев и затоа јавно повикува некој земјоделец од Македонија да каже дека заработил 2 милиони марки од продажба на лубеници, домати и пиперки.

Единствена Македонија добро ја знае историјата на богатењето на Заеви. Единствена Македонија и народот добро знаат дека нивите во Муртино не се злато вредни кои носат милиони евра, туку богатењето е резултат на друга приказна која Заев ја премолча во интервјуто.

Го охрабруваме Заев да нарача и втор дел од интервјуто и да ја раскаже вистинската приказна за богатењет на Заеви, а романтичарската изјава за милиони марки од продажба на лубеници, пиперки и домати е само добра забава за народот, бидејќи на народот одвреме-навреме му треба и по малку романтика.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 13 јуни 2021 година