Единствена Македонија: Странскиот измеќар Заев ја срами Македонија, бил среќен од завршувањето на албанската агенда на ДУИ со која се руши Македонија


06.06.2021 | 13:08:44 | Соопштенија


Единствена Македонија: Странскиот измеќар Заев ја срами Македонија, бил среќен од завршувањето на албанската агенда на ДУИ со која се руши Македонија

Зоран Заев продолжува со секој свој чекор, со секоја своја изјава продолжува да ја срами Македонија и македонскиот народ.

Денешната изјава на Заев дека е среќен што ДУИ ја завршила етничката агенда е длабоко вознемирувачка за македонскиот народ од оправдана причина: Со албанската агенда на ДУИ се руши идеалот на македонскиот народ да има своја држава како сите европски народи и пошироко.

Денес, европска вредност, во почетниот прв член во сите устави е референцата за мнозински народ како носечки во државите. Но, со агендата на ДУИ само Македонија е претворена во некаква збиршина на заедници од кои само македонскиот народ остана без своја национална држава.

Со оваа срамна изјава, странскиот измеќар Заев ја спроведува агендата на своите странски газди за уривање на европскиот концепт за Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.

Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје е најголем непријател на македонската држава. Ова мора да престане. Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 6 јуни 2021 година

Скопје 1

Новости

Грид