Единствена Македонија: Транзицискиот бандит Чифлиганец кој крадеше злато, шверцуваше бакар, сега крадел и на квадрати од станови, зошто молчи обвинителството?


02.06.2021 | 15:29:31 | Соопштенија


Единствена Македонија: Транзицискиот бандит Чифлиганец  кој крадеше злато, шверцуваше бакар, сега крадел и на квадрати од станови, зошто молчи обвинителството?

Единствена Македонија е зачудена од молкот на обвинителството во врска со најновиот грабеж во милиони евра од страна на Вачнчо Чифлиганец кој крадел по 2 - 3 квадрати од зградите што ги градел. Според досегашните информации, Чифлиганец имал наплатено повеќе за 2-3 квадрати во 90 згради кои имаат по седумдесетина станови, а основано може да се изведе заклучокот дека станува збор за сите згради кои досега ги има изградено Чифлигнец.

Ванчо Чифлиганец се претставува за филантроп, донатор, човекољубец... а трупал богатство врз грбот на граѓаните со кражба на квадрати од нивните станови. А што може да се очекува од човек кој е еден до најголемите бандити на транзицијата?

Да потсетиме, Чифлиганец своевремено го украде златото од „Бучим“ а во 1992 година за време на ембаргото на Обединетите нации спрема СР Југославија, од рудникот Бор во Србија прошверцува бакар за Јапонија во вредност од 200 милиони долари за провизија од 20 отсто или земени 40 милиони долари провизија, прикажувајќи го како бакар од „Бучим“.

Единствена Македонија останува на определбата во точка 10 од својата платформа „Битка за Македонија“ во која се заветивме за следното: Ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која е извршен грабеж на општествениот имот кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, ревизија и одземање на украденото и во постприватизацискиот период. Одземање на украденото од позиција на власт во изминатите 30 години, мора да има, и ќе има.      

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 2 јуни 2021 година