Бачев му ја честита победата на Башар ал - Асад, стоиме рамо до рамо со Сирија која не призна под името Република Македонија


01.06.2021 | 13:04:14 | Соопштенија


Бачев му ја честита победата на Башар ал - Асад, стоиме рамо до рамо со Сирија која не призна под името Република Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев испрати телеграма со честитка до Башар ал - Асад  по повод победата на изборите во Сиријската Арапска Република.

Почитуван претседателе Башар - ал Асад,

Дозволете ми, од име на политичката партија Единствена Македонија и од свое име, да Ви упатам честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Сиријската Арапска Република, како и да Ви посакам успех во извршувањето на одговорната функција.

Единствена Македонија придава големо значење на соработката со Сирија, а заложбата за нејзино остварување претставува посебен интерес за Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во Македонија.

Република Македонија никогаш нема да го заборави исклучиво пријателскиот чекор на Сирија од 24 септември 2010 година со признавањето на Република Македонија под уставното име и притоа за време на 65-тото заседание на Генералното собрание на ООН,  во седиштето на Обединетите нации беа воспоставени дипломатски односи меѓу Република Македонија и Сиријската Арапска Република на амбасадорско ниво.

Во нашите 30 години самостојност и сувереност, народот на Македонија е особено благодарен на пријателскиот народ на Сирија за почитување на нашето име, идентитет, историја, традиција, територијален интегритет, суверенитет и унитарност.

Вие сте на чело на Вашата држава во време на безбедносни бури, глобални предизвици и нов поредок. Овие предизвици во моментот силно се рефлектираат на Вашата држава, но, исто така и врз мојот народ и мојата држава каде инсталирана марионетска власт брише се што е македонско. За таа цел, Единствена Македонија ќе ги поништи антимакедонските договори, со што повторно ќе биде воспоставена меѓународната реалност со меѓународно правно признатото - право да го носиме името - Република Македонија под кое не призна и Сирија.

Резултатите од гласањето на изборите во Сирија ја покажаа високата доверба и целосно го потврдија вашиот висок политички авторитет и довербата на народот на Сирија во вашето водство за стабилизирање на ситуацијата во Сирија.

Република Македонија секогаш ќе стои рамо до рамо со Сирија и ќе дава целосна подршка во борбата против силите на тероризмот како и решавање на конфликните ситуации во согласност со меѓународното право. Сакам да ве уверам дека македонскиот народ, како докажан пријател на Вашата нација со која споделуваме заеднички вредности втемелени на традиционализмот, ќе продолжи да ги подржува Вашите и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за национален и религиски идентитет на нациите, правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

Со искрени желби за Ваша натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, изразите на моето највисоко почитување - се вели во честитката на претседателот Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 1 јуни 2021 година

Скопје 1

Независен

Новости

Грид

Тајм