Националниот Блок „Не отворам врата“ во кој членуваат 20 организации - партијата Единствена Македонија и 19 граѓански здруженија  одлучи да го подржи протестот за слобода и правда на неправедно осудените за 27 април  што ќе се одржи на 29 мај.

Повикуваме на масовно учество за да и покажеме на марионетската власт што мисли народот за драконската осуда на два века затвор за осудените за 27 април.

Во јавноста веќе излегоа нови факти и докази и дека пресудата за 27 април се заснова на лажен исказ на сведок, а кои севкупно се подобни да причинат ослободување на лицата осудени за 27 април, со што се создадени правните претпоставки согласно Законот за кривичната постапка за повторување на постапката.

Осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерна љубов кон Татковината.

За таа цел, Националниот Блок „Не отворам врата“ бара повторување на кривичната постапка за неправедно осдуените лица за настаните од 27 април.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, четврток, 27 мај 2021 година

Новости

Скопје 1

Грид