Единствена Македонија: Одлуката за протерување на руски дипломат е тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа


19.05.2021 | 16:06:49 | Соопштенија


Единствена Македонија: Одлуката за протерување на руски дипломат е тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа

Марионетската власт во Скопје длабоко го вознемири македонскиот народ и државјаните на Република Македонија со антимакедонската и антидржавна одлука за протерување на дипломат на Руската Федерација во Република Македонија.    

Зоран Заев и Стево Пендаровски невешто се обидоа да ја навредат интелегенцијата на народот, кажувајќи дека одлуката е заради заштита на безбедноста на Македонија, повикувајќи се на Виенската конвенција за дипломатски односи. 

Но, марионетите Заев и Пендаровски очигледно го изгубиле компасот, бидејќи безбедноста на Македонија во никој случај не е загрозена од Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, рускиот претседател Путин на отворена сцена рече дека писменоста доаѓа од македонската земја.                                

Исто така, во ова тешко време на здравствена криза Русија помага со вакцини, бидејќи, Русија секогаш помага во болка. Тоа е во националниот карактер на Русите. Помошта е секогаш искрена и чесна.                                             

Одлуката за протерување е тешка провкација спрема Русија и преседан во меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси. Антимакедонската одлука против Русија е врв на полтронството, меѓутоа, марионетската власт во Скопје испушта од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени.                               

Единствена Македонија како и македонскиот народ упатуваат извинување до Русија и цврсто го уверуваат рускиот народ дека зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија, не стои македонскиот народ, туку одлуката е резултат на одродени Македонци во власта, корумпирани и со изгубено национално чувство.

Центар за комуникации на Единствена Македонија 
Скопје, среда, 19 мај 2021


Скопје 1

Новости

Грид