Кризниот штаб „Македонија - Бојкотира„ утре со цртки ќе пребројува граѓани пред избирачките места


29.09.2018 | 21:07:20 | Референдуми


Кризниот штаб „Македонија - Бојкотира„ утре со цртки ќе пребројува граѓани пред избирачките места

Кризниот штаб против референдумот кој води кампања под слоганот „Македонија-бојкотира„ во врска со референдумот на 30 септември информира за следното:

- Кризниот штаб против референдумот ќе има 1.646 набљудувачи надвор пред избирачките места на законски определената одалеченост кои ќе ја бележат на соодветни листови со црти само излезноста на гласачите без никакво фотографирање или снимање. Со овој број на набљудувачи се покриваат 2650 избирачки места земајќи во предвид дека во една зграда има повеќе избирачки места. Ова од причина бидејќи ДИК не дозволи 70-организации од Кризниот штаб (партии, невладини организации, патриотски здруженија) да имаат свои набљудувачи внатре во просториите каде се гласа.

- Кризниот штаб ќе има прес центар кој ќе функционира во хотелот Континентал во периодот од 14:00 часот до 20:00 часот каде можете да добиете соодветни информации. Првата прес конференција е во 16:00 часот на која ќе соопштиме податоци од нашите набљудувачи за излезноста до 15:00 часот. Втората прес конференција за конечните резултати од нашите набљудувачи за излезноста е во 19:30 часот.                                     

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот 
Скопје, сабота, 29 септември 2018

Медиуми:

Фокус

Либертас

Фактор

Локално

Пулс 24

Грид

Дејли

Тајм

Вести