Бачев од Костурино и Струмица: Ова не е битка за лидери, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небитен, ова не е битка за власт, ова е битка за Македонија, битка за Македонците (ВИДЕО + ФОТО)


29.09.2018 | 17:39:21 | Референдуми


Бачев од Костурино и Струмица: Ова не е битка за лидери, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небитен, ова не е битка за власт, ова е битка за Македонија, битка за Македонците (ВИДЕО + ФОТО)

Караванот на Кризниот штаб против референдумот кој води референдумска кампања под слоганот „Македонија Бојкотира„ вечерва, четврток, 27 септември 2018 имаше завршни митинзи во село Костурино и Струмица.

Општ впечаток од митинзите е дека Македонија мора да се одбрани од пучистичката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар и дека граѓаните масовно ќе бојкотираат и нема да излезат на референдумот. Граѓаните изразија голем револт од капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ.

Притоа, говорниците како дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации ги повика граѓаните на бојкот и да не се плашат од притисоците и заканите што секојдневно на терен ги добиваат од власта оти после 30 септември марионетската власт ќе падне и ќе нема време да ги оствари заканите. Дури веќе се служат со ноторни лаги кои ја навредуваат интелегенцијата на народот дека ако се избришеме како Македонци во Македонија ќе потече мед и млеко.

Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени по секоја цена да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.

Сите заедно, старо и младо, машко и женско да не излегуваме на гласање на 30 септември и да ја спречиме марионетската власт да избрише се што е македонско. Можат да не следат, прислушкуваат, да ни се закануваат со апсења, но, да не дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат и името. Борбата не е лесна, но немаме друт пат. Не им било лесно и нашите револуционери во минатото кои можеле да си седат дома и да не се борат. Но, така ќе ја немаше Македонија.

Ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Нашата борба е исправна, и оваа битка ќе ја решиме со бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември истакнаа меѓудругото говорниците Драган Угриновски координатор на Кризниот штаб, Бора Ристич од српската заедница, Исмаил Бојда од Сојузот на Македонците со исламска религија, Ицо Најдовски - Перин претставник на Македонците од Австралија и  Јанко Бачев лидер на Единствена Македонија.

ВИДЕО

https://www.facebook.com/watch/live/?v=254127801818150&ref=watch_permalink

ФОТО