Караванот на „Македонија Бојкотира„ во Брвеница, Тетово и Јегуновце


24.09.2018 | 10:29:56 | Референдуми


Караванот на „Македонија Бојкотира„ во Брвеница, Тетово и Јегуновце

Караванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира„ денес, петок, 21 септември 2018 имаше средби со граѓаните во општините Брвеница, Тетово и Јегуновце. На средбите говореа координаторот на Кризниот штаб против референдумот Драган Угриновски, претседателот на Здружението за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија, Бора Ристич, првенецот на Христијанско Братство Жарко Гроздановски и лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Општ впечаток кај говорниците и граѓаните беше дека референдумот на 30 септември нема да успее, македонскиот народ и поголем дел  од граѓаните на Република Македонија масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември и одлучно кажуваат НЕ на капитулантскиот договор со Грција за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Беше упатен повик до граѓаните да не се плашат од заканите на власта оти после неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат. Затоа, говорниците повикаа на 30 септември сите заедно на нозе да се кренеме, да спречиме да се избрише се што е македонско оти борбата е исправна, ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“ – беше истакнато меѓудругото на собирите во Брвеница, Тетово и Јегуновце.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот
Скопје, петок, 21 септември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Грид

Вести