(ВИДЕО) Иако одлуката на Уставниот суд е политичка, добро е што ќе има референдум како вовед за паѓање на владата


20.09.2018 | 15:20:07 | Референдуми


(ВИДЕО) Иако одлуката на Уставниот суд е политичка, добро е што ќе има референдум како вовед за паѓање на владата

Прес конференција, Кризен штаб против референдумот Драган Угриновски координатор на Кризниот штаб против референдумот Скопје, четврток, 20 септември 2018

Почитувани,

Со денешната прес конференција сакаме да го искажеме ставот на Кризниот штаб против референдумот кој настапува под слоганот Македонија-бојкотира, во врска со вчерашната одлука на Уставниот суд да ги отфрли трите иницијативи за уставна оценка на Одлуката на Собранието на Република Македонија за распиштување на референдум.

Веднаш да кажам дека ние од Кризниот штав оваа одлука на Уставниот суд ја гледаме од правен и од политички аспект.

https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/videos/660162067701516/

Од правен аспект сметаме дека собраниската Одлука за распишување на референдумот е неуставна и незаконита заради што судот требаше да ја укине или поништи.

Меѓутоа, од политички аспект сметаме дека референдумот треба да се одржи оти нема да успее, а со тоа се задава сериозен удар на марионетската власт во Скопје како вовед за паѓање на владата по 30 септември.

Нашето тврдење за неуспешност на референдумот го темелиме на сликата што ја гледаме секојдневно на терен на нашите средби, собири и митинзи низ целата држава.

Познато е на јавноста дека нашиот караван Македонија-бојкотира е секој ден во градовите и селата низ државата, а таму гледаме масовно определување на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните за бојкот и неизлегување на референдумот.

 На нас во Кризниот штаб, како и на целата јавност ни е јасно дека Уставниот суд одлучи според логиката на политиката, а не според логиката на правото, но, овојпат ова на марионетската власт ќе и се врати како бумеранг оти после неуспешниот референдум започнува процесот на паѓање на оваа ненародна власт.

Без оглед што власта фрла силни пари, притисок домашен и меѓународен, оваа битка ќе ја добиеме заедно со македонскиот народ поради нескршливиот аргумент кој не може да се купи со никави пари а тоа е: македоснкиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО, не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

И за крај, не е на одмет да спомнам за медиумскиот мрак на кој  е изложен Кризниот штаб против референдумот од страна на националните телевизии.

Ова ќе го поткрепам со еден пример:

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој е дел од повеќе од 70 организации кои се во Кризниот штаб досега за референдумот немал ниту една изјава за МТВ, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ 24 вести, ТВ Телма, 1ТВ, а од друга страна во изминатите десетина дена лидерот на Единствена Македонија Бачев имаше изјави и интервјуа за најпознатите светски медиуми: Спутник, Русија дејли, Гардијан, Ројтерс, ББС, Њујорк Тајмс, Фајнешл тајмс, НЛЦ Ханделсблад, Норвешката државна телевизија, Јапонската телевизија, Дојче Веле...

Како и да е, најбитно е што Македонија ќе ја добие оваа битка. Нашата борба е исправна, ова не е битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

Благодарам,

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот
Скопје, четврток, 20 септември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

ТВ Канал 5

ТВ Сител МТВ

Прес 24

Актуелно 24

Нетпрес

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид