Нема крај на лагите: Заев тврдеше дека има руско влијание и руски пари - сега вика нема такво нешто


18.09.2018 | 13:30:06 | Референдуми


Нема крај на лагите: Заев тврдеше дека има руско влијание и руски пари - сега вика нема такво нешто

Зоран Заев во изминатиот период помпезно најавуваше дека Русија се меша во Македонија преку финансирање на навивачки групи и други организации. Заев вчера се поколеба и ја смени изјавата. Наместо првичните тврдења дека има руско мешање и руски пари во Македонија, сега Заев вели дека нема докази за руско мешање и за руски пари во Македонија.

Зоран Заев во изминатиот период ширел лажни вести за наводно руско мешање и руски пари во Македонија со цел дефокусирање на јавноста од поразителни настани за него, како на пример, кога полицијата брутално го претепа народот во јуни на собирот пред Собранието, па сокривање на срамот од празните плоштади со т.н. НАТО журки, па грабежот на македонскиот буџет од министри, пратеници, владини советници на СДСМ преку милионски незаконски тендери и разноразни донации од фамозниот владин фонд за иновации.

Вчера дојде потврдата за големите лаги на Заев и тоа не од било кого туку од самиот Заев кој рече дека нема докази за руско мешање и руски пари во Македонија.

Останува сега Заев да одговори и на прашањето дали има странско мешање и странски пари во Македонија од НАТО и ЦИА со цел спроведување на антимакедонскиот геноциден проект за бришење на цел еден народ од светската мапа на нации.

Лагите на Заев и неговите странски газди повеќе не минуваат, референдумот нема да успее, процесот на бојкот и неизлегување на гласање е тргнат, храбро, решително и во интерес на македонскиот народ и никој повеќе не може да го сопре.

Влијанието во Македонија денеска е македонскиот народ, кој за Македонија ако треба и ќе погине, нема повеќе отстапки пред ниту една сила.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 18 септември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Тајм

Вести

Дејли

Грид