Бачев од Битола: Ова не е битка за лидери, ние сме небитни, ова е битка за опстанок на цел еден народ, битка за Македонија


17.09.2018 | 07:43:51 | Референдуми


Бачев од Битола: Ова не е битка за лидери, ние сме небитни, ова е битка за опстанок на цел еден народ, битка за Македонија

Караванот на Кризниот штаб против референдумот во сабота, 15 септември 2018, во рамките на кампањата „Македонија-бојкотира„ имаше митинзи во општините Новаци, Могила и Битола. Општ впечаток од средбите е дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референудмот и не го прифаќаат капитулантскиот договор со Грција со кој се бришат Македонците од светската мапа на нации.

Лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој е дел од Кризниот штаб против референдумот составен од повеќе од 70 организации повика на бојкот и неизлегување на референдумот и на тој начин на 30 септември да ја сочуваме македонска Македонија.

- Марионетската власт е во очај и паника оти референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги налик на скојдневното лажење на Заев кој кажува дека малтене на граничниот премин Табановце чекаат милијарди евра од ЕУ и само треба да го смениме името и тие пари ќе ја поплават Македонија и сите ќе бидат богати и среќни.

-Не му верувајте на триото Заев, Шеќеринска и Димитров оти животот во Македонија дојде само за врхушката на власт и за нивните бизниси и тие сакаат членство во НАТО оти знаат дека НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот. НАТО не го интересира грабежот, туку само сака послушни политичари кои ќе му служат верно.

-Слушаме за закани кон граѓаните, но, не им се плашите оти после неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање. Можат да не следат, прислушкуваат, да ни се закануваат со апсења, но, да не дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат и името. Никој од нас не може да одлучи кога ќе се роди а сето друго е одлука. Ние одлучивме да се бориме. Борбата не е лесна, но немаме друт пат. Не им било лесно и нашите револуционери во минатото кои можеле да си седат дома и да не се борат. Но, така ќе ја немаше Македонија.

-Затоа, сите заедно, старо и младо, машко и женско на нозе се креваме да ја спречиме инсталираната власт контролирана од странски центар да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ова не е битка за поединци, лидери или за власт, ние се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“ - рече меѓудругото Бачев.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот
Скопје, сабота, 15 септември 2018

А1 он 

Макфакс

Опсервер 

Тајм

Вести

Грид