Кризниот штаб против референдумот до ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ очекува да го израдувате со одлука за бојкот на референудмот


11.09.2018 | 17:26:31 | Референдуми


Кризниот штаб против референдумот до ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ очекува да го израдувате со одлука за бојкот на референудмот

Кризниот штаб против референдумот очекува од ВМРО-ДПМНЕ денеска да го израдува народот со единствено исправната одлука, а тоа е одлука за бојкот и неизлегување на референдумот.

Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт во Скопје е во очајнички обид да сруши се што е македонско, ВМРО-ДПМНЕ да застане на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство, кои нема да излезат на претстојниот референдум оти не сакаат промена на вековното македонско име.

Кризниот штаб против референдумот и македонскиот народ силно веруваат дека и ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија и со силна верба во Бог, ја дели нашата спремност да останеме свои на своето, да се оди до крај во одбрана на Македонија и Македонците од јасно изразената намера на пучистичката власт во Скопје да ги избрише Македонците.

Во овој момент мора да се тргнат настрана тесно-партиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес.

Ова зло што му се случува на Република Македонија е познато. Се вика пучистичка власт во Скопје која сака да сруши се што е македонско. Националните и патриотските сили имаат обврска тоа да не му го дозволат Да се обединиме против референдумот, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!  

Центар за комуникации на кризниот штаб рптов референудмот Скопје, вторник, 11 септември 2018   

Медиуми:

Макфакс

Точка

ТВ Канал 5

ТВ 24 вести

Прес 24

Фокус

Мактел

Вести

Дејли

Грид

Тајм