(ФОТО) Народот да не се плаши, по 30 септември ќе падне марионетската влада


09.09.2018 | 13:18:41 | Референдуми


(ФОТО) Народот да не се плаши, по 30 септември ќе падне марионетската влада

Караванот на Кризниот штаб против референдумот вчера, сабота, 8 септември, имаше средби со граѓаните на општинте Карбинци, Пробиштип и Штип. На средбите граѓаните беа информирани за капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ. Општ впечаток кај говорниците и присутните граѓани беше дека референдумот нема да успее бидејќи народот масовно нема да излезе на референудмот и ќе бојкотира. Македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во дијаспората не сакаат промена на името и самоукинување на Македонците. После неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање. Сите заедно, старо и младо, машко и женско на нозе се  креваме да ја спречиме инсталираната власт контролирана од странски центар да избрише се што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи беше истакнато на собирите.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот
Скопје, недела, 9 септември 2018

Медиуми:

А1 он

Прес 24

Тајм

Вести

Дејли

Грид