Официјално започна кампањата за бојкот на референдумот, Кризниот штаб повика на семакедонско единство и сплотеност


07.09.2018 | 18:45:59 | Прес Конференции


Официјално започна кампањата за бојкот на референдумот, Кризниот штаб повика на семакедонско единство и сплотеност
Кризниот штаб против референдумот составен од политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората денеска, петок, 7 септември 2018 пред Порта Македонија ја промовираше референдумската кампања.
 
Координаторот на Кризниот штаб Драган Угриновски рече:
 
-„Со кампањата започнуваме утре на 8 септември со првите средби и митинзи во општините Карбинци, Пробиштип и Штип. Во наредните 20 дена ќе го посетиме секое село и град во Македонија и за таа цел е изнајмен специјален автобус кој можете да го видите. Во кампањата ќе поделиме 1 милион флаери. Кампањата ќе ја водиме под слоганот „Македонија бојкотира“.
 
Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Кризниот штаб истакна:
 
-„Не случајно кампањата ја почнуваме на 8 септември денот на независноста бидејќи и после 27 години процесот не е завршен. Кампањата на марионетската влада која веќе трае една недела само служи за потсмев. Заев најбезобразно лаже дека малтене на граничниот премин Табановце чекаат милијарди евра од ЕУ и само се чека да го смениме името и големи пари ќе нагрнат во Македонија и сите ќе биде среќни и богати. Една голема лага.
 
Ние почнуваме голема битка која не е лесна, но немаме друг пат. Не им било лесно и нашите претци. Можел и Татарчев да не прифати да биде на чело на ВМРО, можел и Питу Гули да не оди на Мечкин Камен, Кузман не морал да ги инспирира партизаните со ВМРО и Илинденците, Делчев, Груев, Александров, можеле да бидат само учители а не идеолози и револуционери. Ама така ќе ја немаше Македонија. Не може човек да одлучи само кога ќе се роди. Се друго е одлука. А нашата одлука е да се бориме. Во Службата за државна безбедност заведена е линија на работа македонски екстремизам во која не следат, прислушкуваат ни се закнауваат со апсења. Тоа не не плаши, само да не дозволиме духот да ни го скршат. Ако ни го убијат духот, ќе ни го убијат и името.
 
Го повикувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски на бојкот и да бидат на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во дијаспората кои се определија за бојкотирање и неизлегување на референдумот. Ова не е битка на индивидуалци и лидери, не е битка на тука присутните претставници на преку 70 организации, не е битка на Јанко Бачев, сите ние сме небитни, ова е битка за Македонија, за опстојување на цел еден народ. Македонија ќе победи, влогот е голем, сакаме да им порачаме на тие во Собранието кое е целосно девалвирано како збирштина на криминалци, педери, терористи и странски шпиони дека нема да успеат во походот за уништување на се што е македонско. Тие фрлаат големи пари, имаат подршка од белосветските дипломатски и политички битанги, но, народот ќе победи оти го има најсилниот аргумет: не сакаме членство во НАТО и ЕУ, не сакаме промена на идентитетот и името, сакаме да останеме свои на своето. Сите заедно, старо и младо, машко и женско се креваме да ја одбраниме Татковината, нашата борба е света должност - рече Бачев.
 
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 7 септември 2018
 
Медиуми: