Марионетата Мицковски манифестира сенилност и лаже дека не сака буџетски пари за референдумот


27.08.2018 | 13:55:06 | Референдуми


Марионетата Мицковски  манифестира сенилност и лаже дека не сака буџетски пари за референдумот

Кризниот штаб против референдумот чувствува потреба да му ја освежи меморијата на марионетата Христијан Мицковски кој манифестира селективна сенилност со изјавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања со сопствени партиски средства и не сака буџетски пари за референдумот.

За кој сопствени партиски средства зборува марионетата Мицковски?!

Го потстетуваме Мицковски дека само пред еден месец лично постави услов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за изборот на ДИК а за возврат да се зголеми годишното финансирање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од буџетот за 2,5 пати. Во бројки тоа значи дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ годишно добиваат од буџетот по 2,2 милиони евра или во еден изборен циклус од 4 години ќе добиваат  8,8 милиони евра од буџетот.

Значи, Мицковски најбезобразно лаже дека ВМРО-ДПМНЕ нема да користи буџетски пари за кампањата за референдумот кога веќе заедно со СДСМ ја добија од буџетот сумата од 2,2 милиони евра за 2018 година за редовно годишно финансирање на партиите од буџетот.

Наместо да глуми лажен хуманизам, Мицковски да повика на бојкот на рфеферендум и на тој начин да биде на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во дијаспората, кои нема да излезат на референдумот оти не сакаат промена на вековното македонско име.

Марионетата Мицковски треба да знае дека во овие судбоносни моменти за Татковината, никакви пари не се вредни доколку се употребат во борбата против непријателите на македонското дело кои сакаат да избришат се што е македонско, и оттука, нема потреба Мицковски да глуми лажен хуманизам туку напротив, отворено да каже дека е спремен да ги потроши сите пари што ВМРО-ДПМНЕ ги зема од буџетот за спас на македонскиот народ и македонската држава.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот Скопје, понеделник, 27 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Плусинфо

Стандард

Точка

Агенда

ТВ Телма

ТВ 1тв

Тајм

Вести

Дејли

Грид