(ВИДЕО) Кризниот штаб против референдумот бара владата да им даде пари за кампања колку што ќе се одвои и за кампањата на владата


20.08.2018 | 16:28:40 | Референдуми


(ВИДЕО) Кризниот штаб против референдумот бара владата да им даде пари за кампања колку што ќе се одвои и за кампањата на владата

Изјава, Кризен штаб против референдумот Драган, Угриновски, Јанко Бачев, Солза Грчева, Филип Петровски Скопје, понеделник, 20 август 2018

Делегација на Кризниот штаб против референдумот во состав Драган Угриновски координатор на Кризниот штаб, Јанко Бачев, Солза Грчева и Фили Петровски, денес, понеделник, 20 август 2018 во Владата на Република Македонија поднесе Барање за одобрување на средства за кампања за референдумот што ќе ја води и Кризниот штаб.

Драган Угриновски координатор на Кризниот штаб против референдумот рече: - „Како што можете да видите денеска во името на Кризниот штаб против референдумот поднесуваме Барање до Владата на Република Македонија за одобрување на средства за јавната пропаганда што ќе ја води Кризниот штаб против референдумот. Јавната пропаганда ќе ја водиме под слоганот „Македонија - бојкотира“ – истакна Угриновски.

Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија рече: - „Владата пред 6 дена, поточно на 14 август донесе одлука да води јавна пропаганда со пари од буџетот. Образложението беше дека тоа е согласно принципите на јавниот интерес. Ова е целосна невистина. Јавниот интерес е пропишан во Уставот на Република Македонија. Според Уставот, јавен интерес меѓудругото е називот на државата - Република Македонија и можноста Македонија да членува во меѓународни организации. Во Уставот не е определено дека Република Македонија мора да членува во НАТО и ЕУ, туку се дава можност Републиката да членува во било која од меѓународните организации во светот. Сега имаме два субјекти, Владата со агитирање „ЗА„ на референдумот за промена на името и Кризниот штаб против референдумот за неизлегување и бојкот на референдумот. Битно е да спомнам дека според Уставот секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи. Оттука, јавен интерес е или и двата субјекти да се финансираат од буџетот со цел секој да ги слушне пораките и на Владата и на Кризниот штаб, или пари за никого. Дотолку повеќе, устата на  Владата е полна со евроатланска определеност и затоа треба да ги следи референдумските практики во земјите членки на НАТО и ЕУ. На пример, последниот референдум во држава-членка на НАТО и ЕУ што се одржа во Велика Британија за напуштање на Европската унија, популарниот Брегзит, британската влада даде средства за јавна пропаганда за референдумот на про ЕУ и на анти ЕУ организациите. Исто така, и Венецијанската комисија препорачува балансирана финансиска промоција што подразбира буџетско финансирање како на владината кампања за референдумот, така и на противниците од спротивната страна, во случајов Кризниот штаб за бојкот на референдумот. Доколку владата опстои на одлуката за еднострано финансирање само на владината кампања, ја предупредуваме дека го крши Уставот и јавниот интерес за што ќе има одговорност. Веруваме дека владата ќе одобри средства и за јавната пропаганда на  Кризниот штаб против референдумот, па народот нека одлучи“ – истакна Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 20 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Радио Слободна Европа

Вечер прес

Нова Македонија

Стандард

Нова

Флеш

Читај

Новости 24

Трибуна

Плус инфо

Независен

Нетпрес

Вечер

Експрес

Центар

Слободен печат

Весник

Либертас

Инфомакс

Пресс 24

Макпрес

МРТ

ТВ Алфа

ТВ 1тв

ТВ 24Вести

ТВ Канал 5

ТВ Сител

ТВ Алсат - М

TВ Тера

Тајм

Грид

Дејли

Вести

Интегралниот текст од Барањето со образложение до Владата