Оваа битка ќе ја добиеме иако владата ќе потроши преку 10 милиони евра во кампања за референдумот


18.08.2018 | 15:46:24 | Референдуми


Оваа битка ќе ја добиеме иако владата ќе потроши преку 10 милиони евра во кампања за референдумот

Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени и скандализирани од денешната одлука на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска да потроши еден милион евра од воениот буџет за кампања за референдумот на 30 септември.

Скандалот и вознемиреноста се уште поголеми ако се знае дека сите министерства и другите органи на државната управа се задолжени да достават информации за средствата што ќе ги одвојат за кампања за референдумот и во услови кога само од едно министерство Шеќеринска веќе одвои 1 милион евра, уште сега е јасно дека крајната сума од сите министерства и други државни органи ќе достигне десетици милиони евра народни пари за кампања за референдумот за промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Марионетската власт дури си поигрува со интелегенцијата на народот велејќи дека без оглед колку пари ќе се потрошат народот треба уште да биде и среќен бидејќи уверуваат дека ќе имало целосна транспарентост околу потрошените пари за референдумот.

Владата на Зоран Заев ќе потроши десетици милиони евра од буџетот во кампања за референдумот, меѓутоа, македонскиот народ ќе ја добие оваа битка оти во своите раце го има најсилниот аргумет: сака да остане свој на своето, не сака промена на име, идентитет и членство во НАТО и ЕУ и не сака да биде избришан од светската мапа на нации.

За флагрантното кршење на законите со едностраното буџетско финасирање на референдумската кампањата само на Владата, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 18 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Опсервер

Коктел

Агенда

Светски новости

Тајм

Вести

Дејли

Грид