Пучистичката власт започна специјална војна со лажни анкети за референдумот


12.08.2018 | 15:11:13 | Референдуми


Пучистичката власт започна специјална војна со лажни анкети за референдумот

Единствена Македонија дојде до недоамнешната анкета која ја нарачала владата на Зоран Заев, а која покажува дека 91 отсто од испитаниците се против влез во НАТО, а 80 отсто ќе го бојкотираат референдумот.

Резултатите од оваа анкета владата ги крие, а во јавноста пушти лажна анкета преку свои платеници: Меѓународниот центар за меѓународна соработка, Агенцијата М-проспект која е во служба на СДСМ уште додека беа во опозиција, а Заев своевремено на двапати има добиено наменска награда од нив за таканаречен најуспешен менаџер во југоисточна Европа и владината телевизија Телма со обезбедувањето на пропагандната подршка.

Марионетската власт во Скопје мора да е во очај штом со лажни анкети започнува со специјална војна пред референдумот на 30 септември.

Бојкотот на референдумот ништо повеќе не може да го спречи. Процесот е тргнат, храбро, решително и во интерес на народот, бидејќи, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат Македонците да бидат избришани од светската мапа на нации.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 12 август 2018

Медиуми:

Макфакс

Фокус

Опсервер

Фактор Слободен печат МКД Агенда

Тајм

Дејли

Вести

Грид