Владата прави кривично дело со буџетското финансирање само на референдумската кампања на власта


11.08.2018 | 19:41:56 | Референдуми


Владата прави кривично дело со буџетското финансирање само на референдумската кампања на власта

Единствена Македонија и македонскиот народ се шокирани од вчерашната информација дека Собранието и Владата ќе водат референдумска кампања со буџетски средства,  а тоа како што изјавија од владата било во согласност со принципите на јавен интерес.

Ова е целосна невистина, бидејќи јавен интерес според Уставот е дека Македонија може да членува во меѓународни организации, но, во Уставот не е напишпано дека тоа мора да бидат НАТО и ЕУ туку било која од повеќето меѓународни организации кои постојат во светот.

Општо познато е дека во моментот имаме два формално-правно субјекти - Владата и Собранието со агитирање „ЗА„ на референдумот и Кризниот штаб со 28 организации со кампања за бојкот на референдумот.

Оттука, јавен интерес може да биде единствено, или јавната кампања и на двете страни да се финансира од буџетот, или и на двете страни да не им се дозволат буџетски средства.

Единствена Македонија ја разбира нервозата кај марионетската власт од фактот што народот масовно нема да излезе и ќе го бојкотира референдумот, но, ова не им дава за право на Собранието и Владата да го третираат буџетот како нивна приватна сопственост.

За флагрантното кршење на Уставот со едностраното буџетско финасирање на референдумската кампањата само на Собранието и Владата, одговорност мора да има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 11 август 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Народен глас

Агенда

Тајм

Вести

Дејли

Грид