Дваесет и осум организации почнаа кампања за бојкот на референдумот


05.08.2018 | 14:22:16 | Референдуми


Дваесет и осум организации почнаа кампања за бојкот на референдумот

Денес, недела, 5-ти август 2018, дваесет и осум организации - политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Меморандум за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против референдумот кој ќе води јавна пропаганда за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември 2018 година.

Кампањата ќе се води под слоганот Македонија – Бојкотира!

Општ заклучок кај потписниците на Меморандумот е дека  македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија нема да излезат на референдумот бидејќи не прифаќаат промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече: „ Ова е голем историски ден на Семакедонско обединување за одбрана на вековното македонско име. Уште сега е јасно дека референдумот нема да успее. Гледаме очај и нервоза кај марионетската власт, најпрвин од празните плоштади за т.н. НАТО-журка, па, за празникот Илинден им сметаше МТВ која овозможи јавноста да го види исвиркувањето на владата во Крушево, па, триковите на Заев дека бојкотот значел прифаќање на договорот за промена на името со цел Заев да ги измами граѓаните да излезат на референдум за да може да го фалсификува. Меѓутоа, ние силно порачуваме, ова во Македонија е битка за името и идентитетот на македонскиот народ. Битка многу поголема од предавничката авантура на пучистичката власт во Скопје која е купена и контролирана од странски центар. Оваа битка ќе се реши со бојкот и неизлегување на референдумот на 30 септември„ - истакна Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 5 август 2018

Медиуми:

А1он

ТВ Канал 5 

ТВ Алсат-М 

1ТВ; ТВ21 

ТВ Алфа

ТВ Алфа

Фокус 

Макфакс  

Македонија 365 

Вечер

Пост

Независен

Точка

Нетпрес

Фокус; МКД

Локално; Република 

Прес 24Стандард 

Макпресс 

Радио Слободна Европа 

Слободен Печат

Охрид новости

Е-магазин 

Опсервер

Радар

Центар 

Цивил 

Локално 

Нова Македонија 

Лидер

Трибуна

Либертас 

Флеш вести 

Плусинфо 

Нова

Локално 

Нетпрес 

Експрес 

Фактор

Фокус

Вечер 

Инфомакс

ТВ 24Вести

Тајм 

Дејли 

Вести 

Грид

МИА

Правда

Интегралниот текст на Меморандумот за соработка и списокот на потписници: