Единствена Македонија: Ќе ја разгледаме правната можност за испитување на психичката способност на Пендаровски за вршење на функцијата


08.05.2021 | 13:37:42 | Соопштенија


Единствена Македонија: Ќе ја разгледаме правната можност за испитување на психичката способност на Пендаровски за вршење на функцијата

Вчерашното симптоматично однесување на Стево Пендаровски после средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвора сомнеж дека постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба на Пендаровски.

Стево Пендаровски на 29 април изјави дека осудените за 27 април не се терористи и дека треба да се преотвори судскиот процес со ново судење. СДСМ на прес конференција од 30 април му врати и го искара Пендаровски да внимава што зборува и му порача дека за настаните од 27 април станува збор за тероризам. Вчера пак, после средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски порача дека работата со осудените за 27 април е завршена работа, драконската вкупна казна од два века затвор е заслужена и за тоа нема компромис бидејќи имало терористичко загрозување на уставниот поредок. Патем, Пендаровски сакајќи да го омаловажи Мицкоски ноншалaтно изјави дека во разговорот за осудените за 27 април потрошиле само 3-4 минути иако станува збор за прашање од големо значење за нацијата и државата.

Оттука, основано се појавува сомнежот дека кај Пендаровски постојат случаи кои влијаат врз психичката состојба и размислувањето да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема а станува збор за врховен командант на војската. Поточно, не може да распознае што е настанот од 27 април, бидејќи во период од десетина дена гледаме негово различно однесување за иста работа.

Единствена Македонија ќе ја разгледа правната можност за испитување на постоење на психички околности кои влијаат на овие непресметливи потези кај Пендаровски во однос на настаните од 27 април во кој македонски патриоти се фрлени во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 8 мај 2021 година