Бачев: Единствена Македонија во парламентот за крај на црните сценарија на партијата „Погреб за Македонија“ составена од дпмне и сдс


28.06.2020 | 20:44:55 | Избори


Бачев: Единствена Македонија во парламентот за крај на црните сценарија на партијата „Погреб за Македонија“ составена од дпмне и сдс

Прес конференција, Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 28 јуни 2020

Почитувани,

15 јули ќе биде крај на предавствата, народот ќе победи, потребно е разбивање на 30-годишната власт на партијата „Погреб за Македонија“ составена од дпмне и сдс.  Партијата „Погреб за Македонија“ работи против Македонија, ја продава Македонија.

Затоа, потребна е национална и патриотска партија во парламентот. Со Единствена Македонија во парламентот наспроти коалициите на дпмне и  сдс со албанските партии, се ќе биде поинаку.

Кажувам отворено. На 27 април 2017 кога се случи државниот удар со насилниот избор на Талат Џафери, Единствена Македонија да беше внатре и со само еден пратеник, повторувам и со еден пратеник, ќе го спречевме каубојскиот избор на Џафери.

Почитувани избирачи, ајде што 30 години ги трпиме и на глава ни се качија со нивните лаги, со грабежот на околу 15 милијарди евра во овие 30 години, најлошо е сега што ја растураат државата, но, на изборите ќе се соочат со народот.

Ќе видиме дали дпмне и сдс на 15 јули може да го излажат народот. Јас сум убеден дека народот е свесен дека нема повеќе право на грешка и ќе одбере национална и патриотска опција во која може да верува.

Потребна е патриотска партија. Потребна е Единствена Македонија во парламентот.

Изборите на 15 јули ќе бидат крај на предавствата, ќе си ја вратиме државата назад а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот.

Економската наука ги измислила механизмите како се прави богата држава со добар стандард. Потребни се само чесни политичари. Ние од Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ излеговме со своите биографии без ниту една дамка или криминална афера во своите долгогодишни кариери. Народот да бара од секој која бара доверба на изборите, да ја покаже биографијата.

Затоа, почитувани избирачи, не треба да им оставиме простор на дпмне и сдс и надеж за нивниот забеган филм. Со Единствена Македонија во парламентот им порачуваме дека не можат да ги продаваат Македонците. Да им се порача дека сме биле, сме, и ќе останеме Македонци.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 28 јуни 2020 Медиуми: Сител Скопје 1 24 Инфо А1 он Вечер прес Точка Макфакс Тајм Весник Вечер Вести Грид