Моќен предлог на Бачев: На трите клучни функции да бидат православни Македонци - еве ги причините


26.06.2020 | 17:11:29 | Избори


Моќен предлог на Бачев: На трите клучни функции да бидат православни Македонци - еве ги причините

Изјава, Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, петок, 26 јуни 2020

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“,  промовираше уште еден стратешки чекор, кој ќе го спроведат доколку ја добијат довербата од гласачите.

-„На трите клучни функции во државата како во сиот нормален свет мораат да бидат православни Mакедонци. Наша прва задача во Парламентот ќе биде да направиме промена на Уставот и Законот со кој ќе се предвиди дека највисоките државни функции - Премиер на државата, Претседател на државата и Претседател на Собранието мора да ги водат православен и Македонец. Ова е практика во сите западни и развиени демократии посебно во монархиите. Пример е Англија. Таму без проверка на нивната служба за безбедност, кој го испитува секој кандидат за премиер наназад до четврто колено не може да биде премиер. Ние тука имавме поразителна ситуација. Во 2017 кога дојде до промена на Власта. Видете ги трите битни функции – Горѓе Иванов беше претседател на државата, тој не е Македонец, ама е православен. Зоран Заев како премиер беше Македонец, а не е православен. Талат Џафери не е православен и не е Македонец. Имавме поразителна ситуација највисоките државни функции да не ги водат Македонци и православни“, вели Бачев и додава:

„Да не бидам погрешно разбран, ова не е никаков шовинистички испад, во втор и трет ешалон слободно можат да бидат припадници на другите националности“, истакна Бачев.

Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, својата платформа ја наслови „Битка за Македонија со 10 стратешки определби.

Оваа платформа е поделена низ Македонија во 100 000 примероци.

Го го повикувам народот масовно да излезе на 15 јули. Единствена Македонија“ и Коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде и последната шанса за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 26 јуни 2020

Медиуми:

Скопје 1

365

Македонски весник

А1 он

Слободен печат

Макфакс

24 Инфо

Центар

Точка

Нова Македонија

Охрид прес

Весник

Вечер

Охрид 1

Тајм

Грид

Вести