Живко Атанасов носител на листа во седмата изборна единица


05.06.2020 | 12:33:16 | Избори


Живко Атанасов носител на листа во седмата изборна единица

Претседателот на Задграничните комитети на Единствена Македонија за Швајцарија и претседател на Заедницата на македонските друштва во Швајацарија, Живко Атанасов, носител на листата на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во седмата изборна единица.

Во седмата изборна единица гласаат Македонците и државјаните на Република Македонија кои работат и живеат во странство.

За жал. марионетската влада во Скопје со разни административни пречки и трикови не дозволи и нашинците да гласаат во странство и таму ќе нема гласање.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија.

Сега имате избор во изборните единици во Македонија. На гласачкото ливче сме под реден број  „11“.

Ова се определбите во кои веруваат и нашинците во странство и се заветуваме дека нема да отстапиме од нивното исполнување. 

Во името на овие определби го повикуваме македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да одлучат. Ние ќе се бориме, од Вас и вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме!