Љупчо Столевски носител на листа во шестата изборна единица


03.06.2020 | 19:27:43 | Избори


Љупчо Столевски носител на листа во шестата изборна единица

Претседателот на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово, Љупчо Столевски е носител на листата на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, во шестата изборна единица.

Во шестата изборна единица влегуваат следните општини: Тетово, Гостивар, Теарце, Брвеница, Јегуновце.

Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија.

Сега имате избор. На гласачкото ливче сме под реден број  „11“.

Ова се определбите во кои веруваме и се заветуваме дека нема да отстапиме од нивното исполнување. 

Во името на овие определби го повикуваме македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да одлучат. Ние ќе се бориме, од Вас и вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме!