Јове Кекеновски носител на листа во втората изборна единица


26.05.2020 | 21:58:27 | Избори


Јове Кекеновски носител на листа во втората изборна единица

Претседателот на ФРОДЕМ проф. д-р Јове Кекеновски е носител на листа на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во втората изборна единица.

Во втората изборна единица влегуваат следните општини: Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир (дел), Шуто Оризари, Арачиново, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Чучер-Сандево.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија.

Сега имате избор. На гласачкото ливче сме под реден број  „11“.

Ова се определбите во кои веруваме и се заветуваме дека нема да отстапиме од нивното исполнување. 

Во името на овие определби го повикуваме македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да одлучат. Ние ќе се бориме, од Вас и вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме!