Јанко Бачев носител на листа во четвртата изборна единица


01.06.2020 | 21:55:06 | Избори


Јанко Бачев носител на листа во четвртата изборна единица
Претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев е носител на листа на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во четвртата изборна единица. Во четвртата изборна единица влегуваат следните општини: Прилеп, Струмица, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија. Дојран, Богданци, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Битола (дел), Кривогаштани (дел), Могила, Новаци, Росоман, Босилово, Василево и Ново Село. Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија. Затоа народот повеќе нема право на грешка на изборите. ПОтребни се чесни и честити политичари. Народот има право и обврска да бара од секој што ќе излезе на избори јавно да ја изложи својата биографија во последните 10, 20, 30 години во зависност од возраста. Народот мора да ја даде двербата на кандидати без ниту една криминална афера/дамка во нивната професионална и работна кариера, кој целиот свој политички ангажман го посветиле на идејата за Македонија и Македонците и не биле во изминатите 30 години сателити/вазали на раководствата на дпмне и сдс за функции, тендери, вработувања, субвенции, донации...
Сега имате избор. На гласачкото ливче сме под реден број  „11“.

Ова се определбите во кои веруваме и се заветуваме дека нема да отстапиме од нивното исполнување. 

Во името на овие определби го повикуваме македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да одлучат. Ние ќе се бориме, од Вас и вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме!